недела, декември 22, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Насилство од жена врз жена, преку маж!

Женски приказни: Насилство од жена врз жена, преку маж!

Пишува: Валентина Георгиевска Парго

Случај 1:

-Правам се за неговата сопруга да дознае. И да направам хаос во нивниот брак. Ете така, едноставно тоа ми е целта, неодамна се пофалила една девојка пред другарка во врска со врската со оженет човек.

Меѓудругото, освен жешките смс пораки кои намерно ги праќала на неговиот мобилен да го пали, со цел еден ден случајно да допрат и до неговата сопруга , неодамна се осудила дури и лично на неговата сопруга да и прати во инбокс од лажен профил фотографии од нејзиниот сопруг во гола варијанта, за да види дека тој така се раскомотува и пред друга жена. Фотографијата била направена во хотелска соба а нејзиниот сопруг бил фатен шпионски додека одел во бањата да се истушира по телесниот чин со злонамерната девојка.

Таа фотографирала, не му кажала и ја остварила својата намера.

Целта – да се урниса бракот!

Но, и да го уценува.

Непознати се последиците кои може да настапат во нечиј брак по една ваква случка, а најчесто завршуваат со бројни караници, оддалечување на сопружниците, и иако останат под ист покрив, нивната релација не фукнционира како претходно. Довербата е целосно нарушена. Се е веќе вештачки.

-И да не се разведе, мојата добивка е што нема да им биде бракот убав, додава девојката.

Случај 2:

Поесксплицитни фотографии од телесна средба се нешто што не е невозможно во  напливот на новото време. Една девојка, исто така, за време на оралниот чин направила тајно снимка со својот мобилен, а потоа го уценувала за да добие подобро работно место. Го уценувала. Можеби и тие фотографии и снимка, завршиле во рацете на неговата сопруга, околу тоа немаме информација, но моментот и намерата се идентични на претходно споменатиот случај, иако таа се декларира за активистка и феминистка и навидум борец за човекови права. Не е!

Случај 3:

-Се јавував од мобилен со непознат број со цел да ја информирам каде е нејзиниот сопруг, коѓа јас бев со него. И праќав смс пораки од интернет сајтови, порано. Сакав да не следи. Но таа не возвраќаше, не доаѓаше и не не следеше. Така со години. Мислев дека е ладнокрвна се до моментот додека не разбрав дека и таа си фатила помлад љубовник, како одмазда за неверстата на нејзиниот сопруг, за кои јас лично се погрижив да дознае, ни открива една жена.
За време на службените патувања на сопругата таа им одела во нивниот дом на сексуални сеанси.

-Кога тој ќе се бањаше оставав траги дека друга жена била тука, во фиоката на неговата сопруга ставав стегачи од мојата коса и влакна од мојот коњски реп, оставав и мои гаќи~ки. Таа ги наоѓала, плачела и се карале постојано, се слушало до кај соседите. Една нивна сосетка, која беше моја колешка,  еднаш ми кажа дека сопругата на мојот љубовник точно знаела дека ја изневерува со мене, хистерично му викала и го споменувала моето име, но мене кога ќе ме сретнеше се поздравуваше како ништо да не се случува. Нејзината одмазда била сервирана ладна,  тогаш кога тој мислел дека му простила за се. Не, таа не му простила, си фатила помлад љубовник. Кога нивниот брак го доведов до конец,  таа му роди втора ќерка, со цел да го сочува бракот, а јас веќе имав друг. Сега веќе , по толку години слават заедно годишници од брак, споделуваат божем среќни семејни фотографии на фејсбук, ама што вреди, сите знаат дека не живеат убаво. Секој на своја страна. Да, јас сум причината, и ден денес како со гордост да соопштува оваа жена, во доверба на своите пријателки.

Случај 4:

-Мојот колега е во врска со мојата колешка. Јас знам за тоа. Од една страна сум блиска сум и со колешката која паралелно е во среќен брак, блиска сум со колегата, а од друга страна и со неговата сопруга. Се слушам секојдневно и со двајцата, посебно. Неговата сопруга ми се жали дека нејзиниот сопруг не е како порано, дека сигурно има друга. Јас се смеам во себе, а неа и штелувам информации какви јас сакам. Забавно ми е. Знам дека доста се караат, но тоа не е моја грижа. објаснува друга девојка и додава дека и колешката и раскажувала како поминувала со својот љубовник. Таа ги има информациите од сите три страни и делува во насока на потсмевање и подгревање на лошите страсти, во ојој љубовен триаголник.

Случај 5:

Една мажена жена замината на сексуална средба со оженет човек. Така и станала жртва на физичка пресметка од својот сопруг и од сопругата на нејзиниот љубовник. Ккао дошло до тоа? За таа информација дознала нејзина колешка, која за инает му пратила смс на сопругата на љубовникот. Им напишала каде ќе бидат и во колку часот. Сопругата на му пратила смс и на сопругот на неверната жена. Отишле и заедно ги пречекале љубовниците пред зградата, чија адреса била била наведена во шпионската смс порака. Кога се симнале по скали, и двајцата се нафрлиле, ја зграпчиле за коса и ја истепале жената, а потоа и се протудиле многумина да дознаат.

-Повеќе уживав во тепањето врз неа, отколку врз тепањето на мојот сопруг, раскажувала потоа изневерената сопруга, која успеала да си го сочува бракот, но другиот брак се распаднал.

Случај 6:

Додека некои жени имаа за цел да урнисаат или нарушат некаков брак, една девојка  ни раскажува за поинаква ситуација?

-Со години сум во врска со оженет човек. Го сакам и не би се оделлила од него, по никоја цена. Соседи сме. Многу ме повредува и боли кога читам секакви навреди за девојки кои се во врска со оженет човек. Не треба сите да не ставаат во ист кош. Нашата Љубов со мојот љубовник е топла и многу силна и никогаш нема да дозволам неговата сопруга да дознае. Дури и да се посомнева, бидејќи сме соседи, ќе негирам. Сакам и врската да ми е убава, но и нивниот брак  Дури бидејќи сум занаетчивка, неговата сопруга, која ми е и пријателка, од кај мене нарачува одредени работи за неа и децата. Ги правам со многу љубов, и со нежен однос кон нив, од друга страна се изјаснува девојка накај 40 години кога е среќно и лудо вљубена во својот љубовник, а живее во село во близина на град.

Она што е најчеста дефиницита за насилство врз жени е психичко, физичко, сексуално или економско насилство, а насилникот најчесто е член на семејството – сопруг,  син, татко,  свекор, брат, вујко, чичко, братучед илиi можеби и пријател, познаник, колега, шеф.

Насилството врз жените е познато илјада години, и поттикнато од  секоја општествена заедница, се до денес. А насилници најчесто може да бидат мажи од било која професија,од било кое милје, од било кое ниво на образование, материјална ситуација, националност. Но, овој тип на насилство, уцени, заведување, праќање смс, пораки, телефонски повици, или поткажување, е нов вид на женско насилство, кое врз својата сопруга во вид на караница, тепачка или развод го спроведува мажот, но зад сето тоа стои некоја злонамерна девојка или жена, бескрупулозна и интригантка.

(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ