сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаЖенски приказни: Никој/а не смее да те дисктиминира затоа што си... Жена!

Женски приказни: Никој/а не смее да те дисктиминира затоа што си… Жена!

Пишува: Валентина Георгиевска Парго

Сите имаат еднакви права и право на еднакви можности. Правата и можностите ги остваруваш под еднаки услови. Услови за остварување на правата се пропишани со закон.  Ако твоите права се кршат или, не можеш да го оствариш своето право како и други или, се кон тебе се однесуваат  поинаку само затоа што си Ром/Ромка, личност со инвалидитет, жена, друга боја на кожа, вера или нација, сиромашен, припаѓаш на некоја партија, синдикат или здружение, или поради било која твоја карактеристика или обележје, ти си изложен/а на дискриминација. Ова се забранети основи на дискриминација. Ова го пишува во брошурата, Што е а што не е дискриминација, на авторките Федра Иџаковиќ  и Весна Вукманиќ, која во ПДФ формат можете да ја најдете на Интернет, со примери, упутства, корисни совети.

Книгата е посветена на борбата против дискриминацијаа многу од советите во неа може да се применат и кај нас.

Во неа се вели- Забрането е да се кршат правата или правата на група на која припаѓаш, само затоа што си Ром/Ромка, личност со инвалидитет, жена, друга боја на кожа, вера или нација, сиромашен, припаѓаш на некоја партија, синдикат или здружение.

Дискриминацијата можеш да ја препознаеш ако си третиран различно од другите само поради некоја твоја карактеристика или обилежје- на училиште, на работа, јавно место, во амбуланта, дом за здравство и слично.

Дискриминација постои и ако си вработен/а, а твоите колеги или шеф постојано те потценуваат. Ова се нарекува мобинг. Дискриминација е и кога ќе ти го повредат достоинство, а особено кога те  заплашуваат, деградираат, понижуваат или навредуваат по била која од горе наведените основи  на дискриминација. Ова се нарекува вознемирување.

Ако напредувањето на училиште или на работа ти е условувано со стапување во сексуален контакт или ти се препишуваат непримерни коментари, несакани физички контакти, се нарекува полово вознемирување.

Кога на пример угостителски објекти, училишта, заедници не се достапни само на припадници на една група станува збор за сегрегација (две училишта под еден покрив).

Не смее да има дискриминација во образование,  вработување, здравствена или социјална заштита, домување, политичкиот живот или било која друга област од животот. Дискриминацијата е забранета и казлива со парични казни.

Дискриминација (не) е исто што и кршење на некои други права, регулирани со други закони. Во случај да си изложен/а на дискриминацији во образование можеш да се жалиш за дискриминација кај класниот/ класната, училишниот педагог, директорот на училиштето, деканот на факултетот – во Министерство за образование и да побараш помош од Институции, од Народен правобранител или омбудсман  за човекови права директно во нивните канцеларии или преку телефон, факс, е маил, да се обратиш за совет и помош од невладини организации кои пружаат правна помош.

Ако си изложен/а на дискриминација на работа или при вработување можеш да го направиш следново-да се обратиш на претпоставениот,  на управен одбор и да објасниш за што се работи. Во случај на мобинг или полово вознемирување можеш да забележиш и документираш што се случило, да се  обратиш за совет и помош во синдикатот – да се обратиш на инспекција за работа, на даночна  управа ако се работи за дискриминација со (не)плаќање на придонеси- да пријавиш и побараш помош од Инсититуцијата омбудсман (директно во нивните канцеларии или преку телефон, факс, е-маил, невладини организации и сл.).

Можеш да покренеш тужба за заштита од дискриминација  во општински суд, можеш да ги  контактираш центрите за пружање бесплатна правна помош.

Ако си изложен/а на дискриминација на јавно место (на пример ресторан, кино, базен, и сл.) можеш да ги побараш причините за поинаквото однесување кон тебе- погледај околу себе дали има личност која би можела сето тоа да го посведочи, земи негов/ нејзин број на телефон, повикај полиција и смирено образложи им за што се работи и прочитај го записникот пред да го потпишеш. Во случај на непримерено однесување на полицаецот можеш да се жалиш на полициското оделение за внатрешна контрола- да пријавиш и побараш помош од Институцијата омбудсман (и горен наведнеите работи- тужба, совет од невладина организација…).

Ако си изложен/а на  дискриминација во здравството можеш да се обратиш до директорот на здравствената уставова, повијкај се на Законот за права, обврски и одговорности кон пациентите, да се обратиш до Заводот за здравствено осигурување, до Фондот за здравствено осигурување, во Даночната  управа или до здравствената инспекција – пријави и побарај помош од Институциите на Народниот правобранител или од невладините организации, кои се грижат за човекови рпава.

Ако си изложен/а на дискриминација во социјална заштита – обрати се до директорот на центарот за социјална работа и барај писмено образложение за таквото однесување – обрати се до Министерството за социјална заштита и/или Управна инспекција или побарај помош од Инсититуцијата омбудсман директно (невладини организации ) – можеш да покренеш тужба за заштита од дискриминација

ВАЖНО: Никој/а не смее да те третира лошо затоа што си пријавил дискриминација која ти се случила или затоа што си бил сведок кога некој/а друг/а бил/а дискриминиран/а.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ