петок, декември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Обвинувањата на мајка и ја донесоа до работ на живот

ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Обвинувањата на мајка и ја донесоа до работ на живот

Во просечното и хармонично семејство, составено од пет члена, Светлана беше најстарата од трите ќерки. Нивниот живот беше организиран по теркот на оние скромни и патријахално воспитани градски семејства, и некако по обичај, спонтано и спокојно целиот дневен ред го правеше мајка им Мина, грижејќи се, истовремено, се да биде навреме завршено како обврска. Советувањето на трите ќерки, на возраст од 19, 17 и 8 години, исто така беше нејзина грижа, и на старата им баба Љоре, која секогаш ја надополнуваше и сосема поддржуваше мајка им, во секој совет.

Нејзините апетити не беа ни богато, а ни којзнае каква елитно мажење и вдомување на ќерките, она што го бараше од нив беше да завршат факултети, за да и ја остварат нејзината неисполнета желба. Да не останат со диплома од средно училиште, како неа.

За да одржи баланс меѓу желбите на мајка си, и што поголем близина до своето момче, Светлана се запиша на факултет во најблискиот град, на студии кои не ги посакуваше многу, а и со самото тоа што немаше голем капацитет за учење, беше и сеедно каде е запишана. Учеше кампањски, со многу труд, и материјата ја помнеше само додека испитот заврши. Потоа, се забораваше.

Ограниченоста на интелектулниот капацитет го надополнуваше со благиот и мек карактер, кој не и создаваше пречки во комуникцијата со луѓето. Дури и беше предобра, препопустлива,и може да ја окарактеризираме и како наивна.

Тоа лето беше кобно за Светлана. Насмето за свадбата за која сонуваше, и облекување на венчаница која ја замислување и самата ја креираше како модел на едно блокче за цртање, Светлана се соочи со неочекувано прекинување на неколкугодишната врска со двегодини постарото момче Филип, во моментот кога во неговиот стан ги затекна во љубовна поза со неговата најдобра другарка.

Шокот и неверувањето ја доведоа до работ на нервен слом, луѓето од малата средина почнаа да ја гледаат со сожалување, другарките малку ја „олабавија“ во дружење само затоа што беше депримирана и постојано плачеше, па така, сметаше дека единствена нејзина другарка и е мајка и. Кога почна да ги промашува и испитите во септемвриската испитна сесија, и доживеа целосна блокада на мозокот,  реши да се отпише од факултет, но наместо да наиде на рамо за плачење, го доби најголемиот и неочекуваш шамар.

-Остана со прстот во уста. Ти велам дека си многу наивна. Ти велам дека ти од нас многу добиваш, а не ја заслужуваш. Наместо да си ги положиш испитите и да завршиш факултет ти се откажа . Што ќе бидеш сега? Чистачка, Работничка, продавачка? Наместо уважена госпоѓа, ја прекоруваше мајка и.

Во саботното попладне кога Светлана реши да си пресуди самата себе си и испи големо количество отровна материја, за среќа во собата влегла нејзината најмалечка сестричка.

-Мамо, дада има бела пена на уста и рекла на мајка и, по што се слушнал пикот во нивната куќа.

Засвиреле сирените, медициските лица и ја укажале првата помош, а потоа ја хоспитализирале во Клинички центар, каде неколку дена беше неизвесно што ќе се случи со Светлана.

Мајка и избезумена како залепена седеше до Светлана. Со склопени дланки. Од моментот кога ја здогледа во нејзината соба, се до моментот, кога по речиси два месеци болничко лекување, излезе од болница.

-Не е девојчето виновно, јас сум, се исповедала кај поп, каде речиси одела секое утро и се молела за спас на ќерката. Јас цел свој живот го носам комплексот што ми го наби мојата најдобра другарка која заврши факултет и зема поголема плата од мене. Не можев со тоа да се помирам и, свесно или несвесно, тоа постојано им го зборував на моите ќерки. На најголемата најинтензивно. А и сама сум свесна дека нема капацитет за учење. Зошто го правев тоа? Секое утро го прашувала локалниот поп.

-Смири се, чедо божје, и да се помолиме за здравје и среќа на Светлана. Ќе биде се во ред. И запомни, љубомората и завидливоста секогаш ја рушат среќата на тој што завидува. Нема потреба од тоа. Сите имаме свој животен пат, некој посреќен, некој помалку среќен, и треба да го гледаме само својот живот и своите околности, повторувал попот.

Мина ја научи лекцијата. Си вети дека никогаш повеќе и за ништо нема да ги притиска своите ќерки, најмалку со своите желби. Неколку години подоцна, заздравената Светлана се усреќи со среќен брак и ќерка. Како што растеше внуката, која Мина си ја зеде за свое задолжение, секој ден и ги повторуваше зборовите од попот, за да ја усреќи и да ја направи своја на својот пат.

Валентина Ѓоргиевска Парго


(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ