недела, декември 22, 2024
домаНасловнаЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Постојано ја силува сопругот со кого би спиела и од...

ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Постојано ја силува сопругот со кого би спиела и од љубов!

Навидум, нивното семејство ги имаше сите предуслови да е среќно и да живее во хармонија и благосостојба. Ситуирано семејство, во кое жената, Билјана, со голема љубов се омажила за својот сопруг Душко, и избегнала од мачниот момински живот.

А сега, откако им пораснаа двете деца, таа секојдневно трпи сексуално насилството. Неговиот насилен карактер дури сега, во периодот на кризата на средни години, дојде до израз, а некогаш се тепал само во кафана, ако муабетот со соговорниците не му бил по ќејф, а тој  алкохолизиран, не знаел за себе. Во неколку наврати, за тоа, дури и добил куси затворски казни, од по неколку дена.

Билјана ја изневерувал, таа тоа го дознавала, сепак, љубовта кон него била толку силна, што никогаш не му префелила. Го прифаќала како нешто сосема нормално. Се до пред некоја година кога насилникот ја променал тактиката.

Жртва, повторно нашол во  својата сопруга, сега во една поинаква варијанта- како негов сексуален објект секогаш и секаде кога тој ќе посака, а кога ќе одбие, следува физички напад и силување.

Таа се теши дека Душко бил нејзината тинејџерска љубов, која се уште трае. Кус период пред него имала само една врска, но штом го запознала убавиот Дуле, се вљубила во прв поглед. Таа многу добро знаела дека е тој убав и заводлив, и дека може лесно да ја има која и да посака, дури ја поднесувала и неговата потреба постојано да доминира како маж.

Во првите години од бракот, се преселила од град во едно од околните скопски села, и живееле заедно со неговите родители, во привидна хармонија. Се родиле двете деца, се грижела  за нив, додека тој  печалел, работејќи физичка работа. Свекорот и свекрвата купувале се за дома, така што, се било стабилно во нејзиниот брак. Се спасила од сиромаштијата во која предтоа живеела со разведената мајка и полубратот.  Како што изминувале годините, децата растеле, а сопругот малку по малку станувал се посилен. Свекорот и свекрвата, не многу образовани луѓе, тврделе дека „тој е мажот во куќата, па и да се опие и да удри некој пат,  сосема е нормално“.

Дури и на самата Билјана тоа почнало да и изгледа нормално, мажот понекогаш да дојде пијан и да  удри и без причина, уште повеќе што потоа сето тоа завршувало со бурно водење љубов. Мислела дека сепак е, и тоа како, посакувана од него. Дека има заљубеност и страсти меѓу нив.

Се било подносливо, до моментот кога тој  останал без работа,  а потоа повторно нашол добра работа во добра фирма.  Паралелно и Билјана се вработила како хигеничарка во селската фирма, и во моментот кога изгледало дека финансиски се стабилизираат, Дуле нејзин повторно за брзо останува без работа.

Почнал да заглавува во кафана почесто, кога се враќал  сексуално ја злоставувал додека спиела. Силувањата станале нејзина реалност. Дури и кога на матичниот гинеколог се утврдило дека има одредени женски проблеми и дека мора да се оперира. Таа веќе и не била секогаш расположена за сексуални активности. Често пати за момент и  децата што не ги начекале, кои се веќе тинејџери.

Штом влезе во тоалет, тој веднаш по неа. И во ходник веднаш ја влече за рака за да води љубов со него. Не се ни заморувал дали има ризик да бидат видени. Главниот сексуален напад врз неа се случил за време на домашната слава, кога ја одвел во бањата, додека гостите седеле на маса, јаделе, пиеле и се веселеле. Тоа не  било водење љубов, тоа било изживување. Ја терал и да е бучна, да вреска, додека и ја стиска устата со неговата дланка,тоа го возбудувало.

За малку гостите и ќе сфателе што се случува, но Билјана кога се вратила се направила како се да е во ред, откако излегла од бањата. Изгледала само возбудена од самата славеничка атмосфера, ама срцето и знаело што се случило.

Следниот ден се обидела да разговара со свекрвата, не наишла на разбирање.

Едно утро, само што отишла на работа, прва да зачисти, кај 8 часот, тој дошол по неа и ја силувал во тоалетот. Ја стегал  за врат. Не можела ни да писне. На само неколку минути пред да дојде првиот вработен и да ги начека во таква дивјачка ситуација.

Со децата не сакала да позборува за овој проблем и не знаела каде да се обрати. Ако го напушти нејзината плата од околу 11.000 денари  не дозволува да си плаќа кирија, сметки и храна, а и кој гарантира дека тој нема да затропа во доцните часови и да ја малтретира. Главниот притисок да остане во бракот- пекол сега доаѓа и од страна на нејзината мајка, која  ја прашала-„каде ќе одиш со деца за мажење, за женење? Мисли малку и на децата, не само на себе“. Според неа срам било наоколу да се расчуе каков им е бракот, уште посрамно ако се разведе. Особено што и таа била разведена и знаела што тоа значи. Невиден срам, така го опишувала.

Овој исказ е вистинит, ова е една од многуте приказни на сексуално и семејно насилство, за кои институциите треба да се грижат, а вистински менахизам кој може да го менаџира или регулира меѓудругото е и Истанбулската конвенција за семејно насилство. Но главната препрека е од аспект на морал, Билјана ја убедуваат дека тоа е во ред, и дека да почека да му помине кризата на средни години, а не да раскажува јавно, да нанесува удар и срам врз фамилијата.

Нејзин изум е, кој го практикува во последно време, без да знае му става во исхраната одредени билки и зачини за намалување на потенцијалот и желбата за водење љубов, но стравува пред се тој тоа да не го дознае, иако малку во тоа нашла смирување на ситуацијата.

Валентина Ѓоргиевска Парго


(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ