понеделник, мај 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Сексуалниот живот на проститутките

Женски приказни: Сексуалниот живот на проститутките

Валентина Ѓоргиевска Парго

„Сексуалниот живот на Катрин М.“ е книга напишана од авторката Катрин Мије, и во неа на преку 200 страници го опишува своите сексуални доживувања. Навидум привлечен и провокативен наслов, и замка за оние кои не ја прочитале книгата да помислат дека тоа е возбудлив и среќен сексуален живот.

 Оние кои ја прочитале до крај мора да биле со јак желудник  и да „сварат“ се што е во неа напишано, тие знаат дека станува збор за млада жена која ќе западне во париската проституција , и авантури и контроверзии кои е тешко да се повторат во еден „нормален и просечен живот“.

„Занимливоста и соблазнивоста со која Картин го опишува својот сексуален живот ги надминува и најсоблзазнивите страници на француската еротска литература. Светски бестселер во без табуа и предрасуди го раскажува својот сексуален живот, сликовито објаснувајќи го секој сегмент од своите бурни авантури. Лирературно дело, вредно за почит“, стои во кусата рецензија на оваа книга.

Со што ќе се сретне читателот доколку ја прочита, а од искуство велам не може да се прочита лесно, поради набојот на чудни емоции и тежина што како жена ќе ги добиете. И Чувството на гадење ( патем,единствена книга која авторката на овој текст не ја дочитала до крај)

Катрин М. станува сексуален објект во париските бордели, а подоцна кога станува новинарка и уредничка (на списанието Арт), и благодарние на својот талент опишув буквално се што и се случувало. Толку јасно и сликовито, што книгата може да послужи и како психолошки водич за животот на една проститука. Сепак, во овој случај станува збор за живот во бордел, а не улична проституција, што на некој начин дава и некаква поголема „комоција“ на продавачката на секс.

Секс цел ден и цела ноќ, групен секс со околу 150 луѓе (не водеа љубов сите, некои доаѓаа и само да гледаат, опишува авторката), несигурност, порнографија, навредување, повредување, шамарање, изживување е само дел од она што ги возбудува настраните клиенти, плукање, уринирање и вршење голема нужда врз простутката било еден од поомилените ритуали на самите тие, како што раскажува Катрин.

Како се чувствува жената, која напати и како и да не е свесна низ што поминува во таквата ситуацијата, е тешко да се објасни, освен од жена која тоа го доживеала и преживеала.

За уличната проституција ретко и да постои некоја книга која го опишува на автентично ниво  „животниот стил“ на проституката. Најдобро страниците на ваква книга се испишуваат со пренесени лични искуства, но општо познато е дека повеќето жени изложени на  улична проституција не се со завидна интелегенција и образование, за да можат да го направат тоа.

За нивниот страдалнички живот, мошне малку се знае. Тие се секогаш фрлени и отфрлени, како непотребни „предмети“ во општеството. Дури, не знаеме кои се тие, како живеат? Каде? Со кого? Од што преживуваат?

Се што знам од „втора рака“, според исказите на еден сликар кој се сретнал со скопска проститука, е дека таа била фина , а тој и беше одушевен од нејзиниот карактер. Разведена со дете, со дневна работа, но и примања кои не стигнувале, а нејзините од дома не ни знаеле со што се занимава, кога таа навечер излегува, а оди пред МТВ, каде е зборното место на скопските проститутки. Неа ја привлекол тој начин на заработка, сепак, си ветила кога е најде добра работа и финансиски ќе се зајакне, ќе го напушти. А нејзиното дете не смее по никоја цена да дознае со што се занимава неговата мајка. Сликарот и е толку лојален  што не сакаше да открие дали му понудила или дала дел од своите услуги, иако се насетува дека да.

Животот на жената-проститутка е „хорор“. Живеат за ноќта, а таму во темнината и тишината не знааш што ги чека. Ни со кого ќе имаа телесен контакт, ни каков. Лесно сфатливо е  дека на улица ги фрлил тешкиот живот и сиромаштијата, или семејните ломови.

Кај нас уште околу 19-20 часот доколку поминете на улицата на МКЦ може да слушне прашање од  подотворен прозорен од некој добар автомобил  „Работиш вечерва?“, „За 500 може?“, сметајќи дека секоја жена која поминува од таму е проститутка.  Иако има мажи кои е ви кажат дека орален секс добиваат и за 100, па со убедување и за 50 денари.

Доколку поминете и зад Македонска радио телевизија, за која јавна тајна е дека е збиралиште на проститутки, ќе видите толку купуви расфрлани презевативи што просто ќе се зацрвените од срам што до таков степен е доведен просторот на националната телевизија, во близина на самиот центар на градот, и никој апсолутно никој не води сметка. Да е иронијата поголема, во истата зграда е и Министерство за внатрешни работи.

Од тоа ќе сфатите дека таму никој не контролира, а „оф д рекордс“ ќе  слушнете муабети дека дури некогаш некои полицајци кои оделе во патрола да ги ловат (а им се пред очи), најчесто завршувале во „прегратките“ на простутките, поддадени од макроата, во случајот за без пари. Ова се раскажува како „градска легенда“, затоа што тешко се доаѓа до вистинска информација.

Дека проститутките се изложени на малтретирање, потценување, навредливи зборови, и тепање од страна на макроата, тоа е познато. Тешка е судбината на тие жени. Претешка. Хорор. Проститутка од улица многу ретко и ја откривата својата приказна. А и нема кому.

Проститутките се жени толку навлечини на секс, до тој степен што тоа им е влезено во навика и рутина. Според еден случај во полициска станица во земја во соседството, кога уапсиле проститутка по извесно време жената почната да маструрбира движејќи се лево десно  на столицата во станицата, дури едно време го замолила полицаецот или да ја секса или да и го позајми пендрекот. Едноставно не можела два часа без секс.

 Ако поминете по посочените места ќе видите дека тоа се главно слаби жени, со препознатлив имиџ, кои преку ноќ дури и на температури минус се облечени „оскудно“, во некое тенко фустанче, голи нозе, со цел да изгледаат посекси, и да го привлечат својот клиент.

Какви мажи најчесот одат да купуваат секс? Секакви. Без исклучоци. Нема тип на маж кој би се врзал за профилот „купувач на секс“. Тој може да биде и сиромав и богат и образован и необразован,  од град или од село,  убав или не,  здрав или болен

Без здравствени проверки се и самите просттитуки, особено во земја во која проституцијата не е легализирана, како нашата.

„Избегав, ме вратија. На крајот сепак конечно ги напуштив, и отидов да живеам со Клод. Гонореата беше моето огнено кршвтавање:потоа со години живеев оптоварена со тој рез, ми изгледаше како еден вид особен знак, заедничка судбина на оние што премногу водат Љубов“.

Уште во почетните страници Катрин М ја опишува и својата борба со болестите.

Денес е 17 декември, меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Да го поддржиме и преку овој текст, но и со апел до надлежните за поголеми права за сексуалните работнички.

(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ