Пишува: Валентина Ѓеоргиевска -Парго
Најпрво длабоко ќе во се извинам за овие следни реченици кои подолу ќе ги прочитате. Делуваат остро, морбидно и некултурно, полни со пцовки и недолични описи. Но за жал истите можете да ги прочитате најслободно на фб постови, дури и кај познати личности, со (не)насилни манири:
„Ор‘спијо, к‘рво шиптарска, к‘лаштуро, циганко смрдлива, ѓ*пко крастава, каурке рас*пана, св*њо дебела, кр*во исфрустрирана, копиле едно, малоумна, болна, немажена, нес*ксана, мало*мна, б*лна, кучко, вештерко, грдосијо…“ е само дел од сочниот репертоар кој често може да е насочен кон една жена.
Најчесто ова е вокабуларот, претпоставуваме, на машко растено во средина во која таткото или очувот вака и се обраќал на неговата мајка/ маќеа. Погрдните зборови најчесто и жената ги прифаќа со премолчување, мислејќи дека сето тоа е нормално. Посебно ако и самата таа е растена и воспитувана во таква средина во која тоа и изгледа сосема нормално.
Жената не секојпат може да препознае насилство, и дури може и да оправда маж кој шамарал жена, доколку го изневерила. Не камоли “некој погрден збор”.Но! Жените требс да почнат да препознаваат вербално насилство за насилството да биде спречено. Со гласност!
Со покажување со прст кон насилникот. Или насилничката (доколку и друга жена го поттикнува, одобрува, премолчува насилството).
Вербалното насилство е подеднакво опасно како и секој друг тип на насилство. Вербалното насилство е кривично дело, казливо со казна затвор од 1 до 10 години. Гласник на насилството може да биде и лик кој (само навидум) не изгледа како насилник. Инаку, неколку години наназад педантно архивираме се што е поврзани со насилатво врз жените, како и овие погрдни, срамни, скаредни зборови, пцовки, навредливи вицови. Да се напише ваков текст ме поттикна еден виц или подобро речено “констатација”, споделена од страна на јавна личност, машки лик. Тој гласеше: “Нека ме извинат ВИСТИНСКИТЕ САМОХРАНИ МАЈКИ, ама самохрана не си ти ако Мажот ти те фатил да се Е**Ш СО ДРУГИ! К*рва си!” Следуваа низа придружни коментари, од мажи и жени. Мал тест направив кога на фб ставив пост и ги замолив пријателите да напишат кој збор за жена што го слушнале им ги пара ушите. Еве ги : Др*ља, ор*спија, к*рветина, неперотина, пач*вра недоправена драка (кумановско бисери), “Домајчинка права што на сите од жал им дава” (прилепска), но и “називи за растурени жени”- р*додајка што си дава на сите и секој, м*раклика, параспур жена, к*рождерка. Некои од нас жените го нарекуваат “канцер на општеството”, напиша позната активистка против насилство врз жени. Изговорените зборови упатуваат на културата на мажот кој ги изговара, во било која ситуација, а не за жената кон која се упатено.
Да не премолчиме ниедно насилство. Да бидеме што погласни!
СТОП ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ.
НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНА-ТОЛЕРАНЦИЈА НУЛА!
Текстот е дел од проектот „Не молчи запри го насилството“ во имплментација на НЧП и WWDP