четврток, декември 19, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Ведрана Рудан смета дека жената му служи или на мажот...

ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Ведрана Рудан смета дека жената му служи или на мажот или на шефот 

Жените би требало од мали да се учат да бидат самостојни и економски независни, зошто таквите жени се јаки, потешко е  да се направат жртви. Тие не чекаат некој нешто да им подари и да дојде само од себе, мораат сами да го освојат својот простор. Ова главно се заклучоците од тркалезната маса Жените во уметноста, која се одржа во Бански двор, во рамките на десеттиот Демофест (20-22 јули, 2017). Учесници беа познатата хрватска колумнистка Ведрана Рудан, водителката Ида Престер, уметниците Сташа Копривица, Младен Миљановиќ и Сандра Силаџев Диња.

Како што истакна писателката Ведрана Рудан, жена секогаш му служи или на мажот или на шефот, а се осврна и на неодамнешното убиство на жена во Србија, и нагласи дека на нашето општество му недостига реакција на жената, во смисла на тоа дека тие требало да излезат на улица по овие случувања.

-На луѓето за да имаат слобода им се потребни пари, го истакна економското зајакнување на жената како потенцијално решение за моментната ситуација.  Специјално за text.mk Рудан откри дека во своите книги неретко пишува за свои искуства, а понекогаш и за искуствата на нејзини блиски пријателки, претопени во други ликови.

Сценаристката Сташа Копривица, пак смета: „Добар дел од проблемите потекнуваат од нас зошто често сме задоволни со улогата која ни е дадена. Коментарите и мизогинијата постоеле отсекогаш, со појавата на интернет само станаа видливи.“

WP_20170720_16_41_01_ProАкадемски сликар Младен Миљановиќ наведе дека семејството ја одвлекува жената од уметноста.

-За  жената во уметноста е најтежок период во средните години, кога таа станува фацилитатор на семејството, па се создава недостаток на време и можеби губење на интересирањето, смета тој.

Во врска со овој проблем концептуална уметница Сандра Силаџев Диња вели: „Кога на интернет пребарувач впишеш-глумици во српски филмови, прво добивате резултати-најдобри љубовни сцени, најзгодни глумици и слично. Зашто е тоа така? Постојано се потенцира да се истакне телото и заводничките способности на жената. Па и на факултетот, се потенцира изгледот на глумицата“, и нагласи дека најчесто во филмовите актерките толкуваат улоги со сексуални односи, силувани се или раѓаат.

Со тоа жените секогаш се ставаат во улога на жени и тоа не само во сексуална смисла, зошто неретко се претставени како  мајки и домаќинки. Во расправата активно се вклучи и бројна публика, претставници на институции и НВО секторот, и од академско миље. Еден од најемотивните моменти беше и обраќањето на еден татко, кој нагласи дека  дошол поради својата ќерка, за да добие практични совети на кој начин да ја учи на самостојност и да и помогне да се избори со она што ја чека во светот на возрасните. На фестивалот потресна беше изложбата на фотографии „Нешто пукна во мене“ за жени жртви на насилство во Србија, на независната српска фотографка Марија Јанковиќ.

Валентина Ѓоргиевска Парго


(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ