понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Вработување преку кревет!

Женски приказни: Вработување преку кревет!

 Лошиот имиџ кој во јавноста го „уживаат“ некои од жените кои се занимаваат со јавна професија, и начинот на кој тие напредувале во својата професија, во многу ситуации дава слика за животот на жената во едни пошироки рамки.
Како, преку професијата и работата, се нарушува дигнитетот на жената, и женските права, воопшто. Кога станува збор за вработување, долго времево јавноста се „шушкаше“ дека зад затворени врати се случува еден не многу славен тренд, на вработување и напредување преку „кревет“. Ова би се квалификувало како „мобинг“, доколку жената е натерана да го направи тоа под влијание, убедување или на сила од страна на претпоставениот, но, од друга страна во голем број примери самата таа ја создава таквата ситуација или ја прифаќа, без да се спротивстави, сметајќи дека тој е начинот, и дека така прават сите. Младите жени се посебно изложени на оваа појава.И жените во безизлезна финансиска состојба.
Во мала држава, како што е нашата, кога информациите се шират од уста на уста, и речиси ништо не може да се скрие од будното око на јавноста, често пати на тапет се ставаат вработувањата на жените и начинот на кој тие се остваруваат. Јавна тајна е дека за многу вработувања пресудни се и личните и блиски релации, и многу жени своите вработувања ги остваруваат „преку кревет“. Особено кога станува збор за стабилни професии или престижна работа, во администрација, во добра фирма, и компанија, каде местото и платата се загарантирани, односно посигурни и позагарантирани отколку во приватниот сектор.
Тоа ја девалвира вредноста на работното место, вредноста на вработувањето а најмногу од се- вредноста на жената, а за жал владее едно општо мислење дека тој е патот до успехот. Ваквите, слободно да ги наречеме девијатни појави, видливи станаа со аудио материјалите кои протекоа во јавност, и кои веќе се еден вид „доказ од сенка“ за тоа како се одвиваат некои работи.
Вработувањето, а понатаму и напредување преку телесен контакт, за жал, почнува да се сфаќа како нешто сосема природно, а и трендот да се продлабочува. Но, тоа не само што се коси со морал, етика и и правила човек за да постигне нешто, туку ја девалвира и врдноста на образованието, и често пати неможноста на вистински и соодветено едуцирани кадри да допрат до своите заслужени работни места. Извесни примери само јасно покажаат дека нешто не е во ред. Многу од жените, посебно помладите, не се ни свесни кои и самите ќе се поддадат кон оваа „игра“- во желба за да си обезбедат, лесна заработка и „розов живот“.
-Битно е да се добие столче, работно место по секоја цена, размислуваат голем дел жени без финансии, без работа, без излез, без брачен другар, напати преселени од помали места, студентки, млади девојки. Некако и се стекнува мислење како да е сето тоа речиси нормално, и се подразбира.
-Слушнав за врската меѓу еден директор, кој во државна институција работеше со нашите во странство, и неговата асистентка. Тоа воопшто не ме интересираше се до моментот кога отидов да разговараме за работа. Се најдов во затегната ситуација, како во еротски филм. Асистентката со еден мил и нежен глас нешто му се обраќаше, додека наводно запишуваше што зборуваме, а тој просто ја „пиеше со очи“, а тие двајцата мене воопшто не ме ни слушаа што им зборувам, меѓу нив се развиваше еротска тензија, која секој момент очекував да „пукне“ и да се прелее. Си заминав, не завршив работа, ниту пак ми се јавија уште еднаш, ни раскажува една средовечна жена.
Многу од жените не се интересираат многу за емоционалниот дел од тие врски, и сметаат дека на таков начин и тие добиваат, а и партнерот /претпоставениот, секој тоа што му треба- таа работа, тој „љубовна игра плус“. Не само љубовните врски, и брачните врски ја нарушуваат здраворазумската асмосфера за работење.
-Имав мошне негативно искуство со сопругата на уредникот, кога ја стави и таа да биде уредничка. Откако не успеа идејата да разговараме како луѓе, зошто се замислуваше дека „светот се врти околу неа“, јас си заминав, а тие гледаа да ја компромитираат мојата професионална иднина, на секој начин. И со измислени маубети, и со лобирање против мене во други редакции. Станав нивна жртва, раскажува новинарка.
-Свесни дека и јавноста не ги смета за релевантни ставовите и коментарите на уредничката која станала урендичка на таков начин, а не со истакнување во професијата, таа дури и го сокриваше брачното презиме, и објавите ги потпишуваше со своеро моминско, за да не се препознае начинот како станала уредничка, да не се откријат нивните брачни релации, додава новинарката.
Тешко се работи и се создава професионална амбиент во едно оштество доколу голем дел од мнозинството се уште жената ја третира како објект, за излегување во пресрет на желбите на претпоставениот. Тоа е пракса и во приватниот сектор, во голем број случаи.
-Ми падна жал за младото девојче, кое имаше само 19 години а без финансии, и јас како „нејзин дедо според годините„, ја предложив да работи продавачка, кај мој пријател. За два дена настана скандал- таа веќе му станала љубовница на сопственикот на продавницата, неговата сопруга дознала и ја избркала со кавги, им го нарушила бракот, ни раскажа актер во пензија. Жена која е решена да напредува или која е ставена во состојба на беспомошност, со страв да не го загуби работното место, до кое денес навистина тешко се доаѓа, нема да открие начинот на кој си го обезбедила вработување. Веќе споменавме дека жените најчесто тоа го прифаќаат и за најнормално. Но, според индикациите кои укажуваат како се добиени многу вакви работни места, останува и борбата на жените против ова „невидливо“ зло. Се надеваме дека оваа тема ќе поттикне добра дискусија во иднина и разгледување и отстранување на овие недостатоци, кои ја руинираат професијата и секако женското достоинство, а личноста на жената и нејзиното тело, го претвораат во објект, кој плаќа за одредена услуга, без разлика на нејзиното образование. Независно до тоа дали близината и постојаната работа заедно придонеле за да се развие извесна интимна или емотивна врска меѓу двајца, пристапот до работно место преку кревет е нешто кое треба да се осуди. И на крај, поентата е да се спречи ваквиот тренд кој го следат многумина, од веќе наведените причини.

Текстот е дел од проектот „Не молчи, пријави насилство„ на НЧП и WWDP.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ