недела, ноември 17, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Жените со иста мака се здружуваат меѓу себе!

Женски приказни: Жените со иста мака се здружуваат меѓу себе!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Во автобус број 50, кој сообраќа од Хиподром преку Рекорд кон Клинички Центар, некаде кај Автокоманда се качи мајка со бебенце во количка. Пристојно облечена, средена, која од самото влегување препознав дека е самохрана. Во сета нејзина мајчинска среќа имаше една нота на патило што ја обојуваше, и набрчкано чело, што ја издаваше дека младата, некаде 30-годишна жена, има преживеано непријатни ситуации и страдања. Автобусот беше полн и неа и припаднаа трите поврзани седишта, кои се означени за лица со телесна попреченост и за бебиња. Девојката беше повлечена нервозна и почна да јаде нешто, а обвивката ја собра и ја стави во чантата.

На Бит пазар се качи уште една помлада мајка, со бебенце и таа веднаш љубезно и отстапи место до неа. Втората мајка ја праша дали знае каде е Жена парк, за да се симне со бебето кое го држеше во раце. Девојката и посочи дека на третата станица треба да се симне, и веднаш ја потпраша- „Не сте од Скопје?“

“Од Скопје сум, ама …ех, долга приказна. Многу е комплицирано”, се насмеа.

-И јас така некако, Скопјанка од Скопје сум, овде родена, ама… – се подрасположи првата мајка.
“Колку има бебенцето во количкава?” – беше следното прашање.

-Четири месеци – и одговори.

-Каде вака сама без сопругот?

-Го носам на преглед. Па, со сопругот се разведовме, ова е дете од друг човек…не сме во брак, се уште во врска (како да сакаше нешто да прикрие и смува девојката). Па дури бев бремена се криев натаму наваму со живеачка, зошто поранешниот сопруг ме наоѓаше и ме напаѓаше физички, имав некои случувања, во една реченица ја раскажа својата сторија првата мајка.

-И јас така некако, рече втората, и како уште повеќе да ги придоби симпатиите на својата сопатничка.

-Но, ние ја пропуштивме станицата Жена парк, онаму требаше да се симнеш, сега следно на Рекорд, извика првата, со каење што ја пропуштиле станицата каде требаше да се симне другата мајка.

Во рок од една до две минути двете самохрани, и напатени мајки, се препознаа и се впија една во друга. Можеби е тоа некоја тајна фрекфенција која ги спојува оние кои се со исти мисли и патила. Некој невидлив магнет.

Оваа случка ме потсети на една друга кога моја пријателка и на нејзината крајно депресивна фаза од нејзиниот живот, кога таа остана вдовица и самохрана мајка со две деца. Нејзината материјална состојба беше одлична, но психичката ја мачеше. Таа тврдеше дека неа тоа и е мачна судбина, дека среќните не ја привлекуваат дека каде и да оди се запознава и се лепи само до вдовиди. Тоа не беше точно, тоа беше само нејзината перцеција, што самата си ја имаше подесено да ги забележува само вдовиците, зошто беше во тој филм.

Ако и речев: „И јас запознавам вдовици, секаде ги има, еве некни запознав една“, таа одговараше по малку навредена:
-Ама не како мене, јас каде и да одам, на родителска, во кино, во автобус, се до мене седнува некоја жална вдовица. Секаде!

Потоа раскажуваше како жените кои имале таква судбина се поврзувале меѓу себе, а подоцна се издвоиле во посебни кругови оние кои се материјално подобри и оние кои не се материјално ситуирани. Нивниот комплекс и иста ситуација бил нивниот код и нивниот сврзувачки момент.
Ваквото поврзување на жените кои настрале од иста или идентична мака е одраз на тоа што тие не сакаат да бидат потценети, повредени или споредени со среќните жени.

Кога една германска новинарка ме праша како доаѓам до темите за семејно насилство, кога тоа толку тешко и прикриено и никоја жена не сака да зборува за тоа, и одговорив- мошне лесно, ако познаваш една жена жртва од семејно насилство, ќе ги запознаеш и многу други. Тие се околу неа постојано. Тие се дружат, а невидлив е само заедничкиот елемент кој ги споил.

Жените жртви на семејно насилство самите се препознаваат меѓусебе и си ги кажуваат маките. Ниедна жена, од гордост, нема да го каже тоа пред среќна жена, за да не и се потсмее, сити или ја повреди. Но меѓусебе си ги кажуваат маките.

Има и други примери до кои сум дознала од прва рака.
-Во мојот дом татко ми и мајка ми почнале почесто да се тепаат, татко ми да ја напаѓа мајка ми, особено кога јас и брат ми не сме биле дома. Со текот на годините тоа им се случи како резултат на мачниот брачен живот во кој влегле без никаква материјална подготвеност, а потоа макотрпно се сами создаваа. Јас немав поим, се додека не се почувствував до болна повредена кога еден мој добар пријател ми раскажа што се зборувало за мене во нашето заедничко друштво. Имено, една другарка рекла дека некој нивни семеен пријател, кој живеел блиску до моите, и раскажувал дека татко ми ја тепа мајка ми. Јас и се налутив и потоа не сакав ни да ја видам. Таа еден ден ми се јави и ми рече- знам дека ми се лутиш, но нема зошто. Јас сакав само да ти кажеме некако, јасно ми е низ какви страдања сега поминуваш, те сфаќам зошто и татко ми ја тепа мајка ми, тоа многу ме боли.
Едноставно не можев да поверував ни за моите родители, а не можев ни за нејзините. Кога и да одев кај нив и останував со денови, се чинеше дека тоа е семејство во кое семејната хармонија е нешто посебно. Татко и беше градски човек, на висока позиција, и јас никогаш не можев ни да претпоставам што се случува во тоа навидум тивко семејство.

Друг пример ни раскажа една девојка:
-Живеев под стан во друг град. Едно саботно утро ја поканив сосетката да пиеме кафе. Заѕвона телефонот и ми се обрати женски глас, која прво ми го спомна името: Татко ти по цели ноќи ја тепа мајка ти.
Јас спискав, сметав дека тоа е од љубомора кон моето среќно и хармонично семејство, и почнав да ја колнам. Имав две недоумици- дали жената не го згрешила телефонскиот број, но ако го згрешила немаше да ме именува на име. Сепак, тој повик беше наменет за мене.
Подоцна сфатив дека жената не ме лажела. Мајка ми, штотуку влезена во фаза на климакс, немала храброст да ни каже дека во нашиот дом ноќите станале се поужасни, и дека мојот мирен татко се почесто за ситници ја напаѓал физички, а таа не можела и не знаела како да се одбрани. Затоа ја замолила нејзина пријателка да ми се јави анономно и да ме информира, за да имам на ум. Мајка ми и таа од неа помлада жена се споиле токму на таа основа, и неа сопругот ја тепал навечер, и мајка ми му се јавувала анономно ако не ја остави на мир, ќе го пријави во полиција. Да ми кажеше мајка ми директно ќе преземевме мерки, вака вистината ја дознав кога беше предоцна за неа, кога неа ја немаше, тажно сведочи девојката.

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDPТекстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ