среда, декември 25, 2024
домаЖивотЗдравјеЖитарките полни со опасни хемикалии

Житарките полни со опасни хемикалии

Дури 26 од 28 житни производи што биле тестирани, имале “штетни” нивоа на глифосат покажа нов извештај објавен од страна на Работната група за животна средина (EWG). Десетици видови житарки, овес и корнфлекс содржат траги од хемикалии кои се поврзани со рак, се вели во извештајот.

Како што пренесува „Среќни потрошувачи, задоволни производители“, производите опфаќаат варијации на „Чириос“ и „Квејкер оутс“, вклучувајќи го и корнфлексот со мед и ореви, овесни коцки со мед и орев.

Ниту еден од производите во новиот извештај немаат ниво над она што е дозволено од Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА), но ЕРГ тврди дека клиентите треба да бидат загрижени дека било какво ниво е откриено во производите што секојдневно ги консумираат нивните деца.

Во август, EWG ја спроведе својата прва студија, во која беше откриено присуството на глифосат во 45 примероци на житарки за појадок од производители Квејкерс, Келогс и „Џенерал Милс.

На крајот на оваа студија, групата сакаше понатаму да тестира конкретни производи, бидејќи во првата студија беа најдени високи нивоа на глифосат во два од најпопуларните житни брендови.

За новата студија, EWG ги купи производите во продавниците за храна во Сан Франциско и Вашингтон, и ги тестираа во Анреско Лабаротории во Сан Франциско. Резултатите од примероците покажаа дека глифосатот бил забележан во сите 28 производи, а нивоата над дозволените биле пронајдени кај 26 од нив.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ