Зои Кравиц има НАЈЗГОДЕН ТАТКО на планетата!

Еден од најголемите заводници се појави со ќерката на црвениот тепих и сите останаа без здив.

0
74

Лени Кравиц често истакнува колку е неизмерно горд на својата ќерка, Зои Кравиц. Оваа своја гордост ја покажа и неодамна во Лондон, кога ѝ се придружи на црвениот тепих по повод премиерата на нејзиниот филм „Blink Twice“, кој е воедно нејзино режисерско деби.

Лени Кравиц заврши со својата турнеја низ Европа, во рамки на која одржа и незаборавен концерт во Охрид, пред да продолжи со концертите низ Америка, една од најголемите рок ѕвезди на денешницата се појави во Лондон на премиерата на филмот на неговата ќерка, Зои Кравиц.

Таткото и ќерката заедно прошетаа на црвениот тепих, а не е познато кој привлече повеќе внимание, бидејќи и двајцата беа феноменално облечени, расположени и, како и секогаш, прекрасни.

Зои носеше шик црвен комплет – маица без ракави и макси сукња со ремен од брендот Saint Laurent, додека Лени се одлучи за истата модна куќа.

Неговото одело беше во стилот на 70-тите, што оваа сезона е исклучително модерно, со двојно копчање, а под сакото, како што веќе сме навикнати, не носеше ништо. Парот очила за сонце беше незаменлив дел од неговата комбинација, а изгледот го дополни со бели чевли. Нивниот заеднички момент на црвениот тепих беше исполнет со прегратки, а Лени изгледаше како најгордиот татко.

Кога Зои не позираше со својот татко, нејзино друштво на црвениот тепих беше свршеникот Ченинг Тејтум, кој исто така глуми во филмот. Тејтум се одлучи за класичен изглед, носејќи црн смокинг од истата марка како и таткото и ќерката Кравиц, Saint Laurent, со бела кошула и тесна црна вратоврска.

Повод за овој филм, кој е режисерско деби на неговата свршеница, Тејтум изјави:

„Да создадете нешто со некого кого толку го сакате е веројатно една од работите кои ви носат најголемо задоволство, покрај создавањето семејство. Тоа е едно од оние… вие навистина создавате нешто од ништо и тоа е исто како да создавате брак, а тоа сакате да го направите со личноста која ја сакате.“

Таа нивна љубов е видлива на фотографиите, а се чувствува и преку многуте приказни и интервјуа.

Без оглед на сè, семејството Кравиц постигна уште еден голем успех, а нам ни останува само да уживаме во нивните фотографии.