Можеби треба двапати да размислите пред да одлучите да се тетовирате. На прв поглед, тетоважите може да изгледаат како уметнички израз или начин да се изрази личноста, но постојат неколку фактори кои укажуваат на можни здравствени ризици.
Алуминиум, антимон, арсен, берилиум, хром, кобалт, железо, жива, јаглерод и титаниум-диоксид се само некои од штетните материјали кои може да се внесат преку кожата при тетовирање. За жал, Американската управа за храна и лекови (FDA) сè уште нема одобрено ниту едно мастило за тетовирање како целосно безбедно за употреба.
Лекарите предупредуваат дека тетоважите може негативно да влијаат на нашето здравје, па дури и да го скратат животот, особено ако покриваат голема површина од телото. Секое боцкање со игла, со кое се внесува мастилото во подлабокиот слој на кожата – дермисот, внесува страни супстанции во организмот.
Мастилото за тетовирање содржи токсични пигменти, титаниум-диоксид и тешки метали кои се пренесуваат во кожата, од каде што влегуваат во лимфните жлезди и црниот дроб. Може дури и да ја преминат крвно-мозочната бариера, потенцијално оштетувајќи го здравјето на мозокот. Во зависност од бојата на мастилото, долга е листата на штетни хемикалии кои се внесуваат во организмот преку машинката за тетовирање и кои може да влијаат на телото на долгорочно ниво.
Една студија покажува дека 1 од 87 тетовирани лица била заразена со вирусот хепатитис Б, додека 25 лица имале антитела на овој антиген. Истражувањата, исто така, откриле дека 45 од 54 видови мастила содржат непознати состојки поврзани со оштетување на нервниот систем, откажување на органи и ризик од рак.
„Во оперативните сали сме наоѓале целосно црни лимфни јазли исполнети со мастило, кое телото не може да го процесира преку лимфниот систем. Долгорочни студии сè уште треба да се спроведат, но сепак… ‘вашето тело, ваш избор’“, вели Луси Ајла, инструментарка.
Едно истражување, исто така, покажало дека мастилото за тетовирање може да предизвика рак кога е изложено на UV зрачење. Анализата на 56 примероци мастила во Joint Research центарот открила дека 23 од нив содржат азо-пигменти кои, под влијание на бактерии или UV зраци, се претвораат во потенцијално канцерогени азотни соединенија.
Покрај тоа, за време на тестирањето, откриено е дека 6 од 58 (10 проценти) неотворени шишиња со мастило за тетовирање, како и едно од 6 (17 проценти) отворени шишиња, содржат бактерии.
Тетоважите може да предизвикаат алергиски реакции, зголемена фотосензитивност на сончева светлина, а може дури и да замаскираат меланом, што може да ја отежне навремената дијагноза на најопасниот рак на кожата. Тетоважите, исто така, може да предизвикаат изгореници за време на снимање со магнетна резонанца, бидејќи содржат метали.
Некои мастила содржат животински производи, како јаглен од коски, желатин од копита, пигмент од инсекти или животински масни ткива.
Тетовираните луѓе може да се потат и до 50 проценти помалку отколку оние кои немаат тетоважи, што го отежнува детоксикацијата на организмот и може да придонесе за предвремена смрт.
Н.Д.