среда, ноември 20, 2024
домаЖивот40.000 деца немаат можност да следат онлајн настава

40.000 деца немаат можност да следат онлајн настава

40.000 деца немаат соодветна ИТ опрема и нема да имаат можност да посетуваат онлајн настава, потврди денеска минситерката за образовани Мила Цароска. Таа објасни дека оние деца кои немаат можност за онлајн следење на наставата истата ќе имаат можност да ја следат преку националната ТВ на која ќе се емитува наставната програма.

Министерката за образование исто така потврди дека во тек е разговор со министерството за труд и социјална политика и со Комисијата за заразни болести во врска со можноста за евентуално отворање на дневните престои за децата од пониските одделенија.

„Се прават дискусии и со Комисијата за заразни болести и со министерството за труд и социјална политика, заради можноста децата да добијат одредена заштита по завршување на часовите. Штом ќе има конечна информација ќе бидете известени“, рече Царовска.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ