четврток, ноември 21, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Во Македонија годишно се трошат еден милион евра за родовото...

Женски приказни: Во Македонија годишно се трошат еден милион евра за родовото насилство врз жените

Во октомври, во главниот гра на Романија, Букурешт, се одржа Регионална конференцијата против насилството врз жената – толеранција нула, во организација на Регионалната канцеларија на Франкофонијата во Букурешт.

Во својата презентација, претставничката од Македонија Наташа Доковска, од „Новинари за човекови права“ ги изложи фактите од повеќегодишното истражување, и даде значајни информации за тоа каква е ситуацијата во Македонија, една од ретките земја во која се кријат те податоци за вистинскиот број на жени- жртви на насилство…

Таа појасни дека насилството е дефинирано со закон. Според дефиницијата за „Законот за превенција за спречување и заштита од семејно насилство„ под насилство врз жена се подразбира: Секоја примена на физичка сила или психолошка принуда врз интегритетот на некое лице; Секој третман на член на семејството кој може да предизвика или е закана дека ќе предизвика физичка или ментална болка; Предизвикување чувство на страв или лична закана или повреда на достоинството; Физички напад без оглед на тоа дали настанала физичка повреда; Вербални напади, навреди, навреди, и други облици на малтретирање; Сексуално вознемирување; Сите други облици на вознемирување; Лажна изолација или ограничување на слободата на движење или комуникација со трети лица; Оштетување или уништување на имот или обид да го стори тоа.

Насилникот се служи со психичко насилство со цел преку  злоупотреба да добие моќ и контрола над жртвата, се служи со забрани, закани за жртвата или неговата сакана, навреди, поткопување, исмејување, дезориентираност, уцена, контрола на движењето, изолација …

Сето тоа е опасност од психолошко здравје и личност на жртвата.

Постои опасно насилство, во кое се смета- тресење, туркање, удирање со рацете, нозете или предметите, прострелни рани, ппасности од мали и /или тешки телесни повреди.

Постои сексуално насилство, кое може да е физичко и психичко сексуално насилство. Сексуално вознемирување, сексуална злоупотреба, инцест, принудно сексуално дејство, силување и сексуално однесување извршено против волјата на друго лице.

Постои Економски насилство, кое се чини кај нас е најзастапено, а подразбира- негирање и лишување од финансиски ресурси, неплаќање алиментација и други форми кои ја оставаат жртвата без средства за живот.

Истражувањето покажува дека жената е жртва на психичко насилство и една третина од жените во Македонија се жртви на физичко насилство.

Жените во Македонија најчесто трпат заради неможност да се најде работа, децата да не останат без татко, притисок врз жената да го “спаси” бракот, страв од физичка безбедност за себе и за децата ако си одат од домот. Таа смета  ако остане со мажот, може да го “спаси” бракот и да му помогне да се смени, дека ако тој не може да живее без неа, ќе ја убие , дека тоа сепак не е лош брак, ветила дека ќе остане со него “до смрт “, дека тој се кае и сфаќа дека е виновен  бидејќи ги предизвикал проблемите. Ова го покажувата истражувањата.

Инаку, според истражувањата секоја трета жена во земјите на  ЕУ доживеала физичко и / или сексуално насилство уште од 15-годишна возраст; секоја една жена во 18 е силувана, 82% од жените во висококвалификувани професии или високо раководство биле жртви на малтретирање. Секоја  тра жена доживеала навредливо психолошко однесување од страна на партнерот.

Колку чинат истражувањата на Европскиот институт за родова еднаквост?

Родовото насилство врз жените генерира трошоци во ЕУ од околу 226 милијарди евра годишно. Ако го намалиме насилството за само 10 отсто, околу 7 милијарди евра ќе бидат заштедени секоја година.

Во Македонија родовото насилство врз жените генерира трошоци од околу еден милион евра годишно.

Домашно насилство во Македонија е заштитено со Конвенцијата на Советот на Европа во Истанбул Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство. Совет на Европа ја потпиша ова конвенција  во Истанбул на 11.05.2011, а стапи на сила 01.08.2014 година – со 10 ратификации, вклучувајќи 8 земји-членки. Во ноември 2016 година  Конвенцијата имаше 50 потписници, 25 ратификации.

 

 

(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ