среда, ноември 27, 2024
домаЖивотДиректорката на УЈП позитивна на корона вирусот

Директорката на УЈП позитивна на корона вирусот

Директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна на тестот за коронавирус. Таа се тестирала откако вчера ја дознала веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири има коронавирус, со кого имала работни состаноци. Лукаревска вели дека нема никакви симптоми и дека е во самоизолација.

„После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно,направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција. Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена. Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација“, напиша Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Вчера потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири објави дека тој, неговата сопруга и неговото тримесечно дете се позитивни на коронавирус. Поради контактите со него, во самоизолација се уште и вицепремиерката Мила Царовска, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, владиниот сосветник Марјан Забрчанец и новинарката на ТВ 24 Душица Мрѓа.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ