7-дневен карантин од 1 до 15 јуни за сите оние кои влегуваат во Република Грција без тест за КОВИД 19, се наведува во новиот налог на грчката влада испратен до сите БКП во земјата, пренесува бугарскиот весник „Труд“ .
Од 00,00 часот на 1 јуни до 9.30 часот, истиот дена грчките гранични власти дозволиле слободен влез само на оние кои влегуваат во Грција со лична карта и без карантин.
Но, како што пренесува дописникот на „Труд“ од Атина, по 9 30 часот утрово грчките власти донеле одлука за 7-дневниот налог за карантин за сите кои вегуваат во Грција.
Јужниот сосед официјално ја започнува својата туристичка сезона на 15 јуни, а денес се отвораат сезонските хотели. Но, дали Грција ќе ја дигне границата и за Северна Македонија, откако синоќа ја спуштија Црна Гора и Хрватска, останува да видиме во наредните денови. Нашата држава се уште се наоѓа на листата на држави на кои Грција им дозволува влез уште во првата фаза, односно од 15 јуни.
Н.Д.