Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу попладнево ја информира јавноста дека е пзитивен на корона вирусот. Тој на еговиот фејсбук профил напиша:
„Почитувани граѓани,
По извршениот тест вчера за можноста на заразен со COVID-19, Ве ИНФОРМИРАМ дека резултатот е ПОЗИТИВЕН.
Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт.
Од оваа положба уште еднаш Ви АПЕЛИРАМ и МОЛАМ за внимание, заштитни мерки и почитување на препораките. Заедно ќе го надминеме и ова!
Висар Ганиу
Градоначалник на Општина Чаир“
По потпретседатлот на СДСМ, Мухамед Зекири и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, Ганиу е третиот политичар кој во моментов е на домашно лекување од корона вирусот, а поголем број на членови на СДСМ се во самоизолација поради контакт со Зекири и Лукаревска.
А.Н.