среда, ноември 27, 2024
домаЖивотНе фрлајте ја кората од ананас - ги чува коските

Не фрлајте ја кората од ананас – ги чува коските

Ананасот е многу вкусен, но исто така и корисен за организмот. И дали знаете колку е здрава кората од ова јужно овошје? Богат е со антиоксиданти, го намалува ризикот од карцином, го штити срцето и крвните садови … Затоа, кога јадете ананас, не фрлајте ја кората, туку направете чај од неа. И тоа на многу едноставен начин.

Ставете ја кората во тенџере, додадете вода и варете околу 20 минути на тивок оган. Ако сметате дека чајот е премногу силен, разредете го со вода. Пијте го по малку, цел ден, како сок. Може да го засладите и со мед, но исто така да додадете малку лимон и други здрави состојки.

Патем, ананасот делува и како диуретик, затоа што го елиминира вишокот вода од телото, а исто така ги штити коските од остеопороза. Затоа, треба често да го јадеме или пиеме како сок. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ