Во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19. Скопје е повторно на врвот со 107 лица, но со двоцифрени бројки се и Тетово-23, Куманово 14 , Ресен -13, во Охрид 6 новозаразени, во Струга 5, во Гостивар и Штип по 4, во Битола двајца нови, и по едно лице во Струмица, Кочани, Берово и Неготино.
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни. Но, неофицијално има уште еден починат
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.
Н.Д.