вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотРесенчани апелираат дека отворањето на фабриките е опасно за ширењето на вирусот

Ресенчани апелираат дека отворањето на фабриките е опасно за ширењето на вирусот

По најавата дека од утре започнуваат со работа индустриските објекти кои времено беа затворени, грашаните на Ресен по социјалните мрежи реагираат на ваквата одлука.

Најголем дел од граѓаните сметаат дека со отворањето на фабриките, од каде патем има голем број на заразени, се отвора можноста за поголема тарнсмисија на заразата. Добро упатени извори во состојбата со ширењето на болеста велат дека во „Свислион“ има десетина заболени, а дека во фабриката не е направен скрининг на сите вработени, а исто е и во другите фабрики и помали погони.

Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски на последниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Ресен по споделената информација дека добиле информација од менаџерскиот тим на Леарница за алуминиум и цинк во Ресен (поранешна„Алгрета“)  дека по појавата на лица позитивни Корона вирус, ќе се направи компетен скрининг на сите вработени во фирмата, Гошаревски препорача работните погони на Свисслион од Ресен, и двете текстилни фабрики кои досега беа ставени во мирување, заради заштита на вработените и сите граѓани на Општина Ресен, да останат во мирување и во наредните седум дена односно заклучно со 03.07.2020 година.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ