домаСлучајно најден артефакт стар 5.000 години: Може да го одгатне начинот на...

Случајно најден артефакт стар 5.000 години: Може да го одгатне начинот на кој се градела пирамидата? (ВИДЕО)

Фрагменти од дрво од 5000-години старата Кеопсова пирамида во Гиза биле случајно пронајдени во кутија цигари на Универзитетот во Абердин, Шкотска.

„Се надеваме дека долго изгубениот египетски артефакт ќе фрли ново светло врз Кеопсовата пирамида“, велат научниците.

Пронајдените парчиња дрво се дел од предмет пронајден во 1872 година во пирамидната комора од британскиот археолог Вајнман Диксон. Тогаш пронашол 2 предмети, топка и кука, кои сега се наоѓаат во Британскиот музеј, а третиот бил изгубен повеќе од 70 години.

Се верува дека дрвото се користело за мерење, што може да го открие начинот на кој е изградена пирамидата.

Нил Кертис од Музејот на археолошки колекции на Универзитетот во Абердин смета дека ова откритие несомнено ќе го поттикне интересот за артефактите на Диксон и дополнително ќе го расветли начинот на кој е создадена Големата пирамида.

– Големата или Кеопсовата пирамида е висока 139 метри и е изградена пред 4500 години. Таа е најголема во групата пирамиди во Гиза, најстаро и единствено зачувано од седумте чуда на антиката – истакнува Кертис. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ