домаПутин ќе се вакцинира со „Спутник 5“, се чека на формалности

Путин ќе се вакцинира со „Спутник 5“, се чека на формалности

Рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја прими вакцината против корона „Спутник 5“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тој рече дека ќе се вакцинира, одлучи и чека да бидат завршени сите формалности во тој поглед“, изјави Песков за телевизијата „Русија 1“.

Русија ја започна програмата за вакцинација со „Спутник 5“ на почетокот на декември, а најранливите групи во Москва беа меѓу првите кои беа вакцинирани.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека од понеделник ќе бидат вакцинирани граѓани постари од 60 години, а претходно руското Министерство за здравство ја одобри вакцината за оваа категорија на население.

Путин претходно изјави дека руската вакцина е ефикасна и безбедна и дека не гледа причина зошто не треба да се вакцинира. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ