понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЛора Агустин со „Секс на маргините“ гостуваше во Скопје

Лора Агустин со „Секс на маргините“ гостуваше во Скопје

„Секс на маргините“ Лора Агустин денеска гостуваше во Скопје, и имаше јавно излагање во „Паблик рум“ и ја претстави содржината на својата книга.

Според нејзиниот ангажман како антрополог, која предава во Нојшател, Швајцарија, на присутните им претстави како функционира сексуалната индустрија, како несигурен пазар на труд за жените, а посебно се осврна на проблемот кој го имаат како нерегистрирани, односно незаведени граѓани без лични документи, и дека најчесто се и недокументираните мигранти.

Во оваа книга се наведува т.н. “спасувачката индустрија“, т.е. моралните претприемачи кои тврдат дека зборуваат за сите луѓе кои продаваат секс (најчесто се тоа жените) и ги претвораат во жртви на трговија со луѓе. Оваа извонредна книга разбива неколку митови: дека продажбата на секс е сосема поинаква од која било друга работа; дека мигрантите кои продаваат секс се пасивни жртви; и дека мноштвото луѓе што сакаат да ги спасат, се без личен интерес.
Според нејзината проценка не постои точна бројка на евидетирани проституки, дури ни самата полиција не знае колку точно се тие на број, но и дека најчесто и самите тие се соочени со нејасни мотиви зошто почнале  со овој “занает“.

Бидејќи најчесто авторките на вакви книги содржината ја базираат и на лични искуства, и беше поставено прашање дали и таа се сретнала со такво искуство, но не сакаше да одговори.

Инаку, на својата публика таа и се обраќа преку својот блог The Naked Anthropologist, и преку своите јавни излагања, таа критички говори за изедначувањето на термините „трговија со луѓе“ и „проституција“.

Агустин тврди дека тоа што таа го нарекува „индустрија за спасување“ често им припишува статус на жртва на луѓето (најчесто се тоа жени) кои направиле свесни и рационални одлуки за мигрирање знаејќи дека ќе продаваат секс и кои не се сметаат за жртви. Таа вели дека ваквите погледи за проституцијата потекнуваат од тоа што таа го нарекува „фундаменталистички феминизам“. Агустин се залага за културно студирање на комерцијалниот секс, пристап преку теоретската рамка што таа ја создала во списанието Sexualities во 2005 година.

Предавањето беше во организација на Коалицијата на „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и го најаваи започнувањето на Деновите против насилство на сексуалните работници од денеска до 17 декември.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ