вторник, ноември 19, 2024
домаСИМЕ МЛАДЕНОВСКИ НАЈАВУВА: И "Весела долина", и "Тажна земја" се снимаат во...

СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ НАЈАВУВА: И “Весела долина”, и “Тажна земја” се снимаат во Македонија! 

Продуцентот Симе Младеновски најавува комплетна реализација на два нови документарни филмови.
Едниот е со наслов “Весела долина” и со него екипата планира во август да конкурира на светски фестивали во Москва, Русија.
Другиот носи наслов “Тажна земја”, со кој пак ќе конкурираат на фестивал во Сао Паоло, Бразил, кој треба да се одржи во почеток на јули.
И двата се снимани  во Македонија, “Весела долина” е со тематика за убавините на Македонија, се снимаше по села и градови.
Другиот е со тематика за сиромаштијата во Македонија, сниман низ повеќе локации, низ Скопје, Козјак, Македонски брод, село Ранковци, Крива Паланка, село Драмче, Делчево, Берово, Мариово Галичица, Шапка Тетово, Битола и други места.
-Се сами финансираме и работиме ентузијастички, во услови на снег, ветар дожд, ниедна институција не ни помогнала. Но не се откажуваме. Јас се пронајдов во документаристиката и тука останувам, но нашата иднина ја гледам во светот, вели продуцентот.
Екипата која стои зад реализацијата е повеќебројна, ни ја претставува  Младеновски, во неа е Бубе кој има завршено Букурешка академија за филм, Зоки камера, Горан камера, Тони тон мајстор, Саше светло, и Младеновски, кој освен што е извршен продуцент е и ко-режисер, ко-монтажер и организатор на патувањата.
За музиката во документарците имаат соработка со Оливер Хелден, од продукцијата “Хелди рекордс” од Холандија  и Џеј Ар Кер од Лос Анџелес, вклучително и неговата компанија “Џеј Ар рекордс” која се занимава со музика и филм.
Покрај документарците, негов печат е и разговорната емисија “Лица и дела” на Тв Сонце, која постои девет години, со гостувања на познати естрадни гости од Македонија и пошироко, и градоначалници, а водителка и уредник е неговата сопруга Мери Тодорова Младеновска.
И зад оваа емисија стои искусен професионален тим, Баже монтажа, реализатор Владо, реализатор МАРКО, Далибор, Срѓан, Деки, Боро, Зорица, Мицкоски и цела екипа на Тв Сонце, каде и се прикажува.
-Полека но сигурно ја подготвуваме и поетската манифестација “Сплоти се Македонијо”, која почнува на Илинден, се надеваме на голема масовност и годинава, продолжуваме со иста жири комисија, а во организација ни помага и Валентина Ваци професор доктор по македонистика. Но секако  и поетските друштва низ светот “Григор Прличев”,” Кочо Рацин” и други, ни открива Младеновски.
Неговата работа е врзана и со групата  “Акарма”, која подготвува рок албум.
-Одличен е, зад текстовите стои Мери, а зад музиката Далибор, Марко, Драган. Од она што го слушнав мислам ќе биде врв, а јас како нивни менаџер  ќе се погрижам се да биде како треба и мислам дека тие се идни ѕвезди во Македонија, Србија и на Балкан, верува Симе.
В.Ѓ. Парго
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ