Традиционалниот божиќен концерт на женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“, одржан синоќа, на Божиќ, 7 јануари 2018 година, во Градска православна црква „Пресвета Богородица“, му го даде уште еднаш препознатливото традиционално обележје на град Скопје. Просторот на црквата се исполни до крај, а публиката беше вознесена од изведбата на молитвите и диховните песни, од овој традиционален концерт, насловен „Божик – слава“. Гостуваа и мешаниот хор „Rozafaexpression“ од Скадар, Албанија и професионалниот мешан хор „Про арс“ од Скопје, а како солисти настапија Билјана Стафансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија.
В.Ѓ. Парго