четврток, јануари 23, 2025
домаСо доделување на награди затворено првото издание на МФФ „Преку езерото“

Со доделување на награди затворено првото издание на МФФ „Преку езерото“

Синоќа, со проекции на три краткометражни филмови од натпреварувачката програма и француската комедија „СУПЕР ХЕРОИ“ во отворениот амфитеатар во Стар Дојран и официјално се затвори првото издание на Меѓународниот филмски фестивал на медитерански и европски филм „Преку езерото“.

Членовите на меѓународното жири за краткометражни филмови – Ева Камчевска, сценаристка, Гоце Кралевски, продуцент и Василис Мазоменос, режисер, во улога на претседател на жирито, се заблагодаруваат на фестивалот “Преку езерото” за можноста да се погледнат извонредни балкански и медитерански филмови и ги додели следните награди:

-Жирито доделува посебно признание на тројца актери од хрватскиот филм “Марко” – Мате Гулин, Снежана Синовчиќ и Феџа Стојановиќ.

-Наградата за најдобро сценарио се доделува на грчкиот филм “Поглед од балконот”, напишано од Арис Капланидис и  Елиас Румелиотис. Овој оригинален анимиран филм зборува за обични луѓе од соседство во Атина, прикажувајќи ги реалистично, а не како карикатури.

-За брилијантната и модерна режија на многу тешка тема, без форсирање сентиментализам, жирито едногласно реши да ја додели наградата за најдобра режија и најдобар филм на истиот филм – “Што всушност ние не знаеме за Миријам“ на Морад Мостафа.

“ПРЕКУ ЕЗЕРОТО“ е прв филмски фестивал од овој формат во Македонија и ќе се одржува традиционално секоја година во првиот дел од месец август.
Фестивалот е потпомогнат од Општина Дојран, а е во реализација на продукцијата Синемон.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ