Во рамките на Повикот на Владата на Швајцарија „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија„ имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (МФИС), Здружението за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес ЗЕОООП Скопје ќе ја реализира иницијативата за мониторирање и дисеминација на проектот “До зголемена инклузија”. Целта на овие активности е мониторирање на степенот на спроведување на изборните ветувања на локално ниво.
Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски во својата изборна кампања имаше дадено ветување во општината за подобрување на условите на младите во делот на образование, спорт, рекреација, забава. Едно од неговите ветувања беше: модернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште и зголемување на можностите за нивно активно вклучување во општеството.
Во период од пет месеци здружението ЗЕОООП ќе го мониторира ова изборно ветување каде преку серија активности ќе се следи дали и во колкава мера градоначалникот го исполнува своето изборно ветување, но и да послужи како мерка за потсетување на градоначалникот за исполнување на дадените ветувања кои ќе ја подобрат состојбата во училиштата во таргетираната општината.
Во текот на реализација на оваа иницијатива, јавноста во општина Аеродром ќе биде запозната и континуирано информирана за текот на исполнување на ова предизборно ветување кое беше зададено во програмата за работа на градоначалникот Тимчо Муцунски преку средствата за јавно информирање, социјалните медиуми и презентации.
Проектот се реализира со подршка на Владата на Швајцарија „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија„ имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (МФИС).