сабота, декември 21, 2024
домаЖивотЗдравјеРизици од своеволно земање превисоки дози ибупрофен

Ризици од своеволно земање превисоки дози ибупрофен

Лекарите препишуваат НСАИЛ лекови за некои нарушувања на мускулно-зглобниот систем и некои други здравствени проблеми, но тие не се соодветен избор за голем број состојби за кои пациентите ги купуваат во слободна продажба.

Многу возрасни лица кои користат ибупрофен и други т.н. НСАИЛ (нестероидни анти инфламаторни лекови) ги земаат премногу, зголемувајќи го ризикот од сериозни несакани дејства, како што се внатрешно крварење и срцеви удари, покажа една студија во САД.

Околу 15 отсто од возрасните кои земаат ибупрофен или други слични лекови како аспирин, диклофенак, напроксен, целекоксиб и мелоксикам, ги надминуваат максималните препорачани дневни дози на овие лекови, открива истражувањето.

„НСАИЛ лековите се меѓу најчесто користените лекови во САД и во светот“, вели лидерот на истражувањето д-р. Дејвид Кауфман од Универзитетот во Бостон.

„Овие лекови може да има сериозни несакани ефекти, вклучувајќи и крварење во дигестивниот систем и срцев удар, и тие често се земаат без лекарски надзор, бидејќи многу од нив се достапни без лекарски рецепт“, изјави Кауфман. „Ставот дека корисниците може да земат доза по своја проценка, без оглед на предупредувањата на пакувањето, заедно со незнаењето за горните граници на дозата, е поврзано со надминување на максималната дневна доза“.

Во рамки на истражувањето, 1.326 потрошувачи на ибупрофен воделе дневници за употреба на овој лекво текот на седум дена. Дури 87% од нив го купиле лекот без рецепт, наведуваат научниците во трудот објавен во списанието „Pharmacoepidemiology & Drug Safety“. Вкупно 55 проценти од пациентите земале ибупрофен најмалку три пати неделно, а 16 проценти го земале лекот секој ден.

Покрај ибупрофен, 37 проценти пријавиле дека земале уште најмалку еден лек од НСАИЛ групата во текот на таа недела, најчесто аспирин или напроксен. Помалку од половина од испитаниците биле свесни дека сите овие лекови припаѓаат на иста НСАИЛ група.

Заклучоците од студијата ги покажуваат можните недостатоци од купување на НСАИЛ без рецепт, вели д-р. Гунар Гисласон, директор на истражувањето за фондацијата Фондација за срце во Копенхаген, Данска.

„Верувам дека пораката која ја добиваат потрошувачите, бидејќи овие лекови може слободно да се купт во различни продавници и на бензински пумпи, е дека тие се безбедни и дека можат безбедно да се земаат за да се намали болката, без потреба од читање на предупредувањето на амбалажата“, вели Гисласон кој не бил вклучен во истражувањето.

Дури и кога ги читаат предупредувањата, луѓето можат да ги игнорираат.

„Ако препорачаната доза не ја ублажи болката, полесно е да се земат повеќе таблети отколку да побараат стручна помош од лекар“, додава Гисласон.

Лекарите препишуваат НСАИЛ лекови за некои нарушувања на мускулно-зглобниот систем и некои други здравствени проблеми, но тие не се соодветн избор за голем број состојби за кои пациентите ги купуваат слободна продажба, вели д-р. Лиферт Вогт од Академскиот медицински центар на Универзитетот во Амстердам, Холандија.

„Мислам дека НСАИЛ лековите не треба да бидат во слободна продажба без рецепт поради сите нивни штетни ефекти“, вели Вогт, кој не бил вклучен во истражувањето.

„За привремено користење ацетаминофен или парацетамол (но соодветни дози) е многу побезбедно решение и е многу ефикасен како средство за олеснување на болката“, додава Вогт. „Но, ние знаеме дека многу луѓе го користат НСАИЛ и лекови за други состојби освен болка, како што се грип, алергии, треска, а не постојат никакви научни основи кои сугерираат дека НСАИЛ или парацетамолот се од корист во овие околности.“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ