Кои земји немаат армија?

0
33

Додека денешната геополитичка ситуација е напната, одредени земји продолжуваат да избираат мирен пат, посветувајќи минимален буџет за национална одбрана.

Иако Швајцарија е позната по својата неутралност, сепак располага со армија која е способна да ги брани нејзините интереси, иако делува со ограничен број на војници. Од друга страна, некои земји решиле целосно да се откажат од вооружените сили. На пример, Лихтенштајн нема армија и, во случај на воен конфликт, би побарал помош од Швајцарија. Исланд, исто така, нема армија, но има заштита од САД.

Зошто Костарика нема војска?

Во 1948 година, Костарика одлучува да ја укине својата војска, веднаш по револуцијата што го донесе Хозе Ферер, познат како Дон Пепе, на власт. Откако вооружената борба доведе до илјадници жртви, Дон Пепе воведува демократија и ја укинува армијата, пренасочувајќи го воениот буџет кон здравството и образованието. Денес, во случај на конфликт, Костарика има потпишано сојуз со САД за заштита.

Кои други земји немаат армија?

Околу триесетина земји немаат сопствена војска, а меѓу нив најчести се земји со мала територија и население под 500,000, како Исланд, Лихтенштајн, Андора и некои острови во Пацификот. Исклучоци се Костарика и Панама, кои имаат население од приближно четири милиони. Овие земји честопати имаат договори со НАТО или сојузи со моќни држави за своја заштита.

Како се бранат земјите без армија?

Недостатокот на војска не значи дека овие држави се целосно незащитени. Некои земји имаат договори со сојузници или се потпираат на полиција и цивилни сили за справување со итни случаи. На Маршалските Острови, локалната одбрана се потпира на лесно вооружување. Во Лихтенштајн, каде војската би била преголем трошок, на располагање се граѓаните под 60 години за мобилизација.

Ф.С.