Спас за непријатната забоболка е каранфилче, зачин со сладок вкус, кој исто така има многу лековити својства.
Каранфилчето содржи еугенол, моќен анестетик и антисептик кој ја спречува болката, истовремено чистејќи ја устата и од дамнешно време секористел за отстранување на лош здив.
Постојат три начини на кои можете да се ослободите од забоболката со помош на каранфилче.
- Каранфилче во прав
Прво исплакнете ја устата со топла солена вода. Земете прстофат каранфилче во прав и ставете го на непцето кај забот кој ве боли и помеѓу образите. Почекајте малку и домашниот лек за забоболка треба да ја покаже својата моќ.
- Цело каранфилче
Исплакнете ја устата со топла солена вода. Земете две или три каранфилчиња и ставете ги во устата близу до местото што ве боли и почекајте малку да омекнат. Откако ќе омекнат лесно (колку што забоболката ќе ви дозволи), жвакајте за да ослободат повеќе од своите лековити масла.
- Масло од каранфилче
Ова е можеби најефективниот начин за користење на каранфилче против забоболка.
Што ви е потребно:
– Масло од каранфилче
– Стапчиња за уши или памучни топчиња
-Половина лажица маслиново масло
Начин на употреба:
Исплакнете ја устата со топла солена вода. На тој начин го подготвувате забното ткиво кое така исчистено подобро го впива маслото.
Измешајте неколку капки масло од каранфилче со половина лажица маслиново масло. Точињата памук натопете ги во така подготвеното масло и ставете ги на болното место со нежно притискање. Можете исто така да користите стапче за уши за полесен пристап до болното место. Натопете го во маслото и ставете го директно на забното ткиво.
Имајте на ум дека ова е само брз и краткотраен начин за елиминирање на болката. Не го одложувајте одењето на стоматолог, јадете помалку солена и слатка храна и редовно мијте ги и чистете ги забите. Но, дотогаш во СОС ситуации, каранфилчето ќе послужи како прва помош.