Соло патувањата позитивно влијаат на самодовербата, а една азиска земја е најпогодна за ваков вид патувања.
Според новиот извештај објавен од Kensington, Индија се наоѓа на првото место на листата на земји кои се идеални за соло патувања.
„Соло патниците сè повеќе избираат дестинации со длабоко културно значење и уникатни пејзажи, сето тоа со персонализирана услуга“, изјави потпретседателот за маркетинг во Kensington, Мет Камерт.
Луѓето кои уживаат во соло патувања сакаат слобода да ги истражуваат дестинациите со сопствено темпо, додека уживаат во пристап кој е во согласност со нивните интереси. Индија е на првото место на листата на најдобри дестинации за самостојни патувања, бидејќи со бројни интересни локации осигурува дека секој патник ќе најде нешто несекојдневно.
„За соло патниците, Индија нуди посебна авантура, но и лична трансформација“, додаде Камерт.
На второто место на листата е Италија, а потоа следуваат Јапонија, Египет, Тајланд, Австралија, Шпанија, Исланд, Франција и Нов Зеланд. Исто така, според овој извештај и листа, потврдено е дека интересот за соло патувања се зголемува од година во година.
ф.С.
