Минатиот месец, јуни, беше третиот најтопол јуни досега, веднаш зад истите месеци во 2024 и 2023 година, соопшти Службата за климатски промени „Коперникус“ на Европската Унија.
Глобално, јуни беше третиот најжежок досега, продолжувајќи ја серијата жешки топлотни бранови во последните години, бидејќи планетата се затоплува како резултат на емисиите на стакленички гасови од човештвото.
„Во светот што се затоплува, топлотните бранови веројатно ќе станат почести, поинтензивни и ќе влијаат на повеќе луѓе низ Европа“, изјави Саманта Бургес, стратешки менаџер на програмата за клима „Коперникус“.
Екстремната топлина беше особено изразена во Европа, која се затоплува неколку пати побрзо од глобалниот просек.
Милиони луѓе беа изложени на висок топлотен стрес низ целиот континент, бидејќи просечните дневни температури во Западна Европа се искачија на нивоа што ретко се гледаат – и никогаш толку рано во лето.
Неколку земји регистрираа површински температури над 40 степени Целзиусови, а температурите достигнаа 46 степени во Шпанија и Португалија, соопшти „Коперникус“, пренесува АФП.

