Невидлива врата: Приказна за тивката дискриминација

0
98
Пишува: Наташа Доковска
Светот на децата е едноставен. Домот не е квадратура, туку место каде се чувствуваат безбедни, сакани и прифатени. За двете момчиња кои секојдневно доаѓаат во Центарот „Гнездо“, тоа чувство се обидува да го овековечи нивниот татко – самохран, вреден, со испукани дланки и длабоки погледи од кои извира само една желба: да им обезбеди покрив над главата.

Бидејќи нема формално работно место – како илјадници други – тој не може да докаже „редовен приход“. Но, од Новинари за човекови права, решиlе да застанat зад него. Да гарантираaт дека станарината ќе се плаќа. Дека ќе има ред, тишина, детски смеа и достоинство во секоја просторија од тој нов дом.

Било договорено да го видат станот и да се сретнат со издавачот на станот. Им рекоа: „Слободен е. Само да дојдете.“ Горан – човекот што посредуваше – им остави надеж, не само за стан, туку за почеток.

И тогаш — ледена вода врз нивните срца. „Цигани не примаме.“ Тие зборови им биле кажани со срам. Биле изустени гласно, со одбивност, пред двете деца, кои замижале. Побегнале. Од зборовите. Од погледите. Од омразата.

Во земја што себе се нарекува „нашата“, овие деца немаат право на дом поради етничката припадност. Не затоа што не можат да платат, не затоа што не се добри луѓе, туку затоа што се Роми.

Ова не е индивидуален инцидент. Ова е системска дискриминација. Ова е Македонска реалност, гласно и без срам и денес, во 2025 година.

Сега институциите се на потег. Антикорупциска? Омбудсман? Комисија за спречување и заштита од дискриминација? Или пак само уште една приказна што ќе исчезне како чад во воздухот?

Но децата нема да заборават. Ниту ќе простат. Ниту ние. Секој од нас што молчи пред вакво понижување е соучесник.

Оваа приказна нема да остане само приказна. Ќе биде повик. За правда. За рамноправност. За дом без врата што се затвора поради боја на кожа.