Пишува: Ана Љубиќ
Како вие го гледате тоа,, од опаку’’? Дали животот е поубав од опаку, со затворени очи, или отворени? Како ние всушност треба да го погледнеме животот и да се справиме со пречките кои напаѓаат во секој момент од секаде? Не е животот една убава раскажана бајка, во која се е розово, бело, сјајно, чисто.. Не е ниту се рамно, животот носи изненадувања, и никој од нас не знае што утре не чека, дали утре ќе постоиме, ќе живееме.. Живееме, живи сме.
Но, како ?
Не сме сите исти, животот на сите им се разликува.
Јас, ти, таа… не сме исто.
Пари.. најголем проблем во денешницава.
Без пари си никој и ништо – тоа го мислат поголем дел од луѓето но никој не ја гледа душата и очите кои се извор и те отсликуваат каков човек си навистина ?
Луѓе- една толпа од која ретко да се издвои човек во вистинска смисла на зборот. Зборови , ветувања и што уште не. Насилство и сиромаштија, но и љубов од семејството кое е најголемата подршка и среќа. Семејно насилство често нешто по медиуми, нешто што го слушаме секојдневно, жртви се жените, мајките, вечните борци, кои раѓаат деца, ги носат во стомакот , потоа во срцето. И еден ден таа жена добива шлаканица од еден ајде да го наречеме маж, иако не е маж оној што крева рака на нешто свето. Потоа жртви се и децата.. психички но и физички. Зошто детството да им згаснува прерано, зошто да гледаат како нивната мајка плаче, како нивната мајка која се бори за нејзините чеда страда.. зошто децата да добиваат такви силни удари во најубавиот период од животот. Секоја година со себе нешто ново носи. Секој период има своја добра и лоша страна. Животот некогаш е на страна на лошите… Како луѓето повеќе ќе те ценат, да си добар или лош? Да им вратиш со збор, со шлаканица- муабет , или да препуштиш се во рацете на ГОСПОД БОГ и само со молитва и верба веруваш дека утре сонцето ќе се појави и ќе дојде спас, мир и спокој. Насилниците ќе ги снајде најголемата казна. Така и од опаку … драма која го опишува оваа време невреме.. овој живот, луѓе кои се ситат на туѓа мака, луѓе кои завидуваат и едвај чекаат да те снајде најлошото, луѓе кои дури ти посакуваат смрт. 7 Никому животот не смо му го дале , за да му го одземеме. Но некогаш и многу рано созреваме, го гледаме животот од лице, од опачина, од опаку, од секој можен агол , од секоја можна перспектива. Губиме блиски личности кои вечно ги носиме во нашите срца и се сеќаваме на зборовите кои ечат во нашите уши, исто како екот на Тешкото. Орото некогаш мора да го продолжиме сами колку и да е тешко, за да стигнеме до цел и станеме луѓе со свој став и свое лично мислење. Се во животот е минливо, но семејството и таа една бесконечна љубов останува засекогаш. Па тоа е и водилка низ животот, здравје, семејство и искрена љубов да ги стопли замрзнатите души, и да започне еден нов огин, огин за спокој и мир. Од опаку, можеби и би бил животот поубав, дури и со затворени очи, иако е мрак , би можеле да мечтаеме за живот каков што посакуваме.