понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотЗдравјеМногу важен витамин за кој можеби не знаете

Многу важен витамин за кој можеби не знаете

Витаминот К можеби не звучи толку познато како витамините А, Б, Ц, Д и Е, но сепак е многу важен за здравјето. Неодамна спроведени клинички студии покажале дека витаминот К2 може да спречи губење на коскената густина кое доаѓа со возраста, но исто така може да го подобри здравјето на кардиоваскуларниот систем со намалување на крутоста на артериите.

Но, добрите ефекти на овој витамин не завршуваат тука. Витаминот К2, исто така, го спречува губењето на еластичноста на кожата, помага при проширени вени, а важи и за природен суплемент против стареење.

Што е витамин К

Витаминот К се раствора во мастите, помага против згрутчување на крвта и придонесува за здравјето на срцето, коските и имунолошкиот систем. Постојат две различни форми: витамин К1, кој најчесто се наоѓа во зелениот зеленчук како спанаќ, кељ, брокула, и витамин К2, кој се наоѓа во месо, јајца, млечни производи, некои сирења и јогурт.

Главната улога на витаминот К1 е да обезбеди нормален проток на крв, додека улогата на витамин К2 е сосема поинаква – го насочува калциумот во делови од телото на кои им е потребен.

Витаминот К2 ги активира протеините кои му помагаат на калциумот да стигне до коските, што е клучно за густината и цврстината на коските. Овој витамин не само што го насочува калциумот во телото, туку, исто така, „се грижи“ за тоа да се складира во коските, наместо во артериите, бидејќи тоа може да доведе до крути артерии.

Кому му треба витамин К

Студијата покажа дека едно од три лица нема доволно од овој витамин во телото. Во најголем број случаи, недостатокот на овој витамин се забележува кај постарите лица, но и кај оние кои имаат висок крвен притисок, дијабетес тип 2, хронична бубрежна болест, или кардиоваскуларни болести.

Ниското ниво на витамин К може да биде резултат на слаба исхрана, зголемен внес на алкохол, стареење или земање одредени лекови. Покрај тоа, една студија покажала дека лековите кои се користат за контрола на нивото на холестерол може да доведат до недостаток на витамин К2 во организмот.

Освен тоа, лошата работа на системот за варење, исто така може да биде виновник за недостатокот на витаминот, бидејќи добрите бактерии во телото го претвораат витаминот К1 во К2.

Кои се знаците за недостаток на витамин К

Ако вашата кожа лесно помодрува или крвари, може да имате недостаток на витамин К. Покрај тоа, кариес на забите, лошо здравје на непцата, слаби коски и проблеми со срцето може да укажуваат на недостаток на овој витамин. Експертите предупредуваат дека прекумерната употреба на антибиотици, поради негативниот ефект врз бактериите во стомакот, може да ја намали апсорпцијата на витамин К2 од храната.

Тие нагласуваат дека е неопходно тинејџерите и жените во менопауза да внесуваат повеќе витамин К2. Адолесцентите се грижат за своите коски и кардиоваскуларното здравје со внесување на овој витамин. Кога станува збор за жени во менопауза, во текот на овој период, поради намалување на нивото на хормонот естроген, густината на коските може да се намали за 20 проценти, така што овој витамин е неопходен за зачувување на густината.

На крајот, не треба да се игнорира фактот дека витаминот К2 спречува вишокот на калциум да се акумулира во кожата и да ја „убие“ нејзината еластичност. Со други зборови, овој неправедно занемарен витамин ја чува еластичноста на кожата правејќи да изгледате младолико.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ