понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотЗдравјеРотквица, заштитник на телото и сојузник на добрата форма

Ротквица, заштитник на телото и сојузник на добрата форма

Луткавиот вкус на ротквицата го стимулира лачењето на желудочни сокови, поради што обично се служи во форма на салати или напитоци, односно како аперитив кој отвора апетит.

Ротквицата го стимулира лачењето на дигестивните сокови и работата на цревата, па затоа се препорачува за лицата кои страдаат од запек.

Кога ќе се исечат и неколку часа отстојат во ладна вода, ротквиците може да се претворат во прекрасни декоративни додатоци за јадењата. преполовени и издлабени може да биде одлично ладно предјадење, ако ги наполните со фил од меко сирење. Поради лутоста на зеленчукот, зголемено уживање во ротквиците не се препорачува кај лицата со чувствителна слузница на желудникот и болести како што се чир, проблеми со цревата, ниту на бубрежни пациенти.

Избор

При купувањето, ротквиците мора да имаат свежи зелени листови со коренчиња на краевите. Исто така, обрнете внимание на големината на ротквицата, бидејќи поголемите ротквици може да бидат стари, влакнести и шупливи. За да ги проверите, лесно притиснете ги. Ако тие се цврсти, тоа е сигурен знак дека се тукушто набрани, а ако се меки, голема е веројатноста да се шупливи и горчливи.

Заштитник на телото

Ротквицата (лат. Raphanus sativus) потекнува од Азија, каде што се одгледувала и се берела уште пред 3.000 години. Црвената боја на ротквицата потекнува од пигментот антоцијан. Оваа материја содржи моќен антиоксидант кој ги чува клетките на телото од распаѓање и го гарантира здравјето на целото тело.

Го поттикнува варењето

Луткавиот вкус на ротквицата го стимулира лачењето на желудочните сокови, поради што обично се служи во форма на салати или напитоци односно како аперитив кој отвора апетит. Покрај тоа, го стимулира варењето и работатата на цревата, а особено се препорачува за луѓето кои имаат проблеми со тврда столица.

Сојузник на добрата форма

Во сто грама ротквица има само 16 калории, бидејќи повеќето од плодот е вода. Не е ни чудо што може да уживате во оваа луткаста намирница без воздржување, дури и ако држите диета. Овој зеленчук е одличен извор на витамин Ц, диететски влакна, калиум и фолати, кои даваат енергија и го зајакнуваат имунитетот.

Антибактериско оружје

Сокот од свежа ротквица го цеделе постарите за лекување на жолчка, а се покажа како особено корисен во излачување на слуз од дишните патишта во текот на сезонските болести, бронхитисот и грипот. Некои експерти тврдат дека, заедно со своите антибактериски својства, е и моќно оружје против кашлица и главоболки.

Чувар на црниот дроб

Ротквицата содржи супстанции кои го неутрализираат билирубинот во црниот дроб, што ја прави одлично средство во борбата против жолтица. Покрај тоа, таа е одлична намирница за поттикнување на пролетна детоксикација – без разлика дали ја јадете сурова, од ена цедите сок или ја додавате во некои комплексни напитоци за чистење на телото од насобраните токсини.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ