понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотЗдравјеЈадењето брза храна го зголемува нивото на фталати во телото

Јадењето брза храна го зголемува нивото на фталати во телото

Одење во ресторани или синџири за брза храна може да го зголеми изложувањето на телото на потенцијално штетни хемикалии кои обично се користат за трајност и флексибилност на пластиката, покажа најнова студија.

Пред се, фталатите се естри на фтална киселина и алифатични алкохоли. Тоа се испарливи течности кои се додаваат во полимер пластиката за зголемување на мобилноста. Тие се наоѓаат во речиси сè што не опкружува, бидејќи нивната намена е навистина широка, од петите на обувки до прехранбената индустрија.

Експертите затоа во човечкото тело го испитува нивото на фталати, кои исто така се нарекуваат омекнувачи или пластификатори (и во повисоки концентрации се поврзуваат со астма, дијабетес тип 2, рак на дојка и рак на тестисите) и утврдија дека фталатите се за дури 35 проценти повеќе застапени кај испитаниците кои еден ден претходно јаделе во ресторани, за разлика од оние што јаделе дома.

Во оваа студија се покажа дека одредени видови храна, вклучувајќи сендвичи и хамбургери, може да биде поврзана со покачено ниво на фталати во телото, но само ако тие се купени во ресторани, продавници за брза храна и кафулиња.

Инаку, врелите масти и производите складирани во ПВЦ амбалажа го покачуваат нивото на фталати. Во производите чувани во амбалажа од нерѓосувачки челик или стакло, нивоата на фталати се на задоволително ниво. Ова укажува дека високите температури и мрсна и топла храна во контакт со ПВЦ производи можат да предизвикаат повисоко ниво на контаминација со фталати.

Врската е особено силна кога станува збор за тинејџерите, покажува студијата. Адолесцентите кои имаат навика да јадат често надвор, имаат дури 55 проценти повисоко ниво на овие хемиски соединенија отколку нивните врсници кои се хранат дома.

„Оваа студија сугерира дека е помалку веројатно храната подготвена дома да содржи високо ниво на фталати“, вели водечкиот автор др. Ејми Зота од Универзитетот Џорџ Вашингтон.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ