недела, декември 22, 2024
домаЖивотЗдравјеТестенините помагаат во губење на килограмите

Тестенините помагаат во губење на килограмите

Љубовта кон јаглехидратите кај некои луѓе е толку силна што научниците понекогаш ја објаснуваат како „шесто сетило“. Кога станува збор за тестенините, тоа не е изненадување …

Додека некои се обидуваат да се воздржат од јадење јаглехидрати додека се обидуваат да изгубат килограми, една нова студија открива дека јадењето тестенини  дури може и да помогне во губење на вишокот килограми.

Во студијата за влијанието на конзумирањето тестенини врз индексот на телесна маса, учествувале 2.448 испитаници. Тие јаделе околу 3,3 порции тестенини секоја недела, но не консумирале други јаглехидрати. Во исто време биле на диета со низок ГИ.

Тестенините обично имаат низок гликемиски индекс, што значи дека побавно од рафинираните јаглехидрати го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Истражувачите од болницата Св. Мајкл во Торонто откриле дека оние кои јадат тестенини со низок гликемиски индекс дополнително губат на тежина. Др. Џон Сивенпипер, главен автор на студијата, вели дека тестенините не придонесле за зголемување на телесната тежина или телесните масти, пренесува „Индипендент“.

И покрај вообичаените верувања, оваа студија покажува дека тестенините би можеле да бидат на менито на оние кои се на диета со ниско гликемиска исхрана.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ