понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотЗдравјеСтудија: Повеќе од 100 грама алкохол неделно опасно за здравјето

Студија: Повеќе од 100 грама алкохол неделно опасно за здравјето

Повеќе од 100 грама алкохол неделно е опасно за здравјето, велат епидемиолозите и експертите за јавно здравје во една студија објавена во медицинското списание „Лансет“. Тоа е десет чаши неделно – од по 2,5 децилитри пиво, или по еден децилитар вино или по 0,3 децилитри жесток пијалок.

Оваа количина носи најмал ризик од смртност, а утврдена е со испитување на 600.000 луѓе кои пијат. Во британската студија, се наведува дека секоја чаша над препорачаните десет неделно, го скратува животот за 15 минути.

Научниците, исто така, укажаа дека многу земји се премногу благи во советите за умерена конзумација на алкохол и предупредија дека треба да се соопштуваат повеќе препораки за опасностите од алкохолот.

Франција е една од најстрогите бидејќи не препорачува повеќе од десет чаши алкохолни пијалоци неделно, Белгија дозволува 21 чаши за мажи и 14 за жени, а во Швајцарија препораката е не повеќе од 10 до 15 чаши за мажи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ