понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотЗдравјеШест митови за храната во кои луѓето сеуште веруваат

Шест митови за храната во кои луѓето сеуште веруваат

Некои бизарни митови за храната сеуште се актуелни и луѓето веруваат во нив. Овие шест митови се далеку од вистината:

  1. Голтната гума за џвакање

Ако голтнете гума за џвакање, не паничете, вели гастроентерологот Роџер Лидл. Многу луѓе веруваат дека на голтнате гума за џвакање и требаат седум години за да излезе од телото. Лекарите од Универзитетот за медицина Дјук велат дека тоа не е вистина.

„Нашиот дигестивен систем е силен – ако може да свари кременадла, може и гума за џвакање. Не постои одреден временски период да се свари гумата за џвакање, бидејќи тоа зависи од личност до личност“, истакнува д-р Лиза Гању.

  1. Храна по 20 часот

Постои мит дека ќе изгубите тежина ако престанете да јадете по 20 часот. Доцната вечера е проблематична ако јадете големи количества калорична храна. Оброците по 20 часот не се поврзани со губење на телесната тежина, ако во остатокот од денот не внимаваме што јадеме или вежбаме, според истражувањето „Obesity Rewievs“ од 2012 година.

  1. Јајцата се лоши

Според неодамнешните студии, нивоата на холестерол во јајцата се значително пониски отколку што претходно се мислеше. Иако претерувањето може да доведе до покачен холестерол, конзумирање на четири јајца неделно нема да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, пишува „fitness.com“.

  1. Морковите го подобруваат видот

Да, морковите содржат витамин А кој е добар за видот, но тоа не значи дека ќе добиете супермоќ и ќе ја победите далекувидоста или кратковидоста, пишува „Индекс“.

  1. Правилото на три секунди

Многу луѓе веруваат дека храната што паднала на подот сеуште е безбедна за консумирање ако се изеде во рок од три секунди. Ова едноставно не е точно, ризикувате да се заразите со разни бактерии од подот, вели д-р Алиса Екерлеј за британски „Телеграф“.

  1. Јаболката ги чистат забите

Во митот дека јаболката ги чистат забите има малку и вистина, но немојте да се залажувате дека е доволно да изедете јаболко наместо да ги измиете забите со четка и паста за заби или со забен конец.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ