четврток, ноември 14, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Попот не влегува кај уметница, мисли дека е вештерка!

Женски приказни: Попот не влегува кај уметница, мисли дека е вештерка!

Пишува: Валентина Георгиевска Парго

Дека во Македонија тежок е животот на жената, која се соочува со сопки од секаков вид, тоа ќе ви го посведочат многу жени. Тие се жртви на семејно и општествено насилство, видливо или суптилно, кое им го отежнува или загорчува животот. Да наброиме само неколкуу примери кои хронолошки се случија минатата седмица, а ги доживеав или слушнав од прва рака.

1. Тоа претпладне,во релаксиран стил, отидов во продавницата на мојата драга, помлада пријателка. Со скромен податок, како гест на пријателство и еден вид возвратна почит кон подароците кои таа ми ги подарила. Вратата на продавницата беше заклучена, а светлата запалени. Не ни претпоставував што би можело да се случи на пладне со младата душа. Свртов еден круг низ трговскиот центар, каде таа работоти и каде, бидејќи е млада и убава секогаш наидува на отпор и суптилна дискриминација од другите жени, и се вратив да ја побарам. “Време за ужинка, си помислив, можеби отишла нешто да си купи”. Кога ја немаше подолго време, и поѕвонив на мобилниот, никој не се јави. Влегов во соседната продавница и ги прашав што се случило. Девојката, која продаваше ми одговори дека мојата пријателчка е на болница. Откако ја заболело срцето и и паднало многу лошо, таа се обратила до брза помош. Од таму неколку пати била грубо одбиена со образложение дека немаат доволно возила и да си се снаоѓа како знае и умее. На сред центар, во главниот град, државата нема возило за брза помош, за да интеревнира за здравјето и животот на младата девојка. Се јавила, ги повикала нејзините и иако било интервентно, морала да чека додека тие дојдат и ја однесат на лекар. Среќа ја спасило да отиде на лекар на време, додека не било доцна. А не така одамна ни ветуваа нови и поголем број возила за брза помош, но тоа се чини е само лага. Дури ни скапиот општествен мерцедес за кој тврдеа ќе биде продаден во замена за амбулантски возила за брза помош, се уште со стои во гаража.

2.Следниот пример за тоа со какви потешкотии се соочуваат жените на ова тло е со позната водителка и јавно лице, која преку фб статус се обрати до надлежните да и помогнат, зошто подолго време нема приходи и пари за соодветна терапија, и никој не се грижи за тоа. Впрочем, како што е случај со многу многу жени. Освен со оние привилегираните од власта и државата, и тоа по некои чудни основи.

3. Моите деца имаат комплекс на пониска вредност и голем револт, зошто ни ја исклучуваа струјата за само неколку неплатени сметки. А тогаш останав без работа и не можев да постигнам да платам месец за месец. Прва желба и намера им е сега кога ќе дипломираат да ја напуштат земјава и да одат да работаат и живеат во друга држава, ни раскажа средовечна жена, дипломиран технолог.

4. Имам чувство како да немаме градоначалници ниту лица кои се грижат за нашето здравје. Комарци врие и ме касаат безмилосно, ставам инекции поради напливот на комарци чии касања ми предизвикуваат алергии,гушења, а нниз населба е можеме да се движиме слободни, не напаѓаат и касаат бесни улични кучиња, за кои иако многу пати е пријавено, никој ништо не превзема, се жали уште една страдалнкца.

5. Секој изграден изграден маж ја почитува и прифаќа жената таква каква што е, и нејзините желби. Независно од тоа дали станува збор за сопруга, мајка, ќерка, сестра, роднина, другарка, пријателка, сосетка, клиентка. Но, голем број мажи не се тоа. Свештено лице неодамна пројавило големо непочитување кон уметница и жена која се бори за подобро здравје, со големи здравствени проблеми. Затоа што жената ѕидот во својот дом го бојосала црн, во склад со нејзиниот стил, тој оценил дека таа е вештерка, и јавно и го кажал тоа, па дури ги прескокнал православните закони и заради тоа не влегувал да прочита молитва во нејзиниот дом. Можеби навидум е смешно, но станува збор за целосно потценување на жена, дама и креативка….но и за нивото на кое е менталитетот на многумина.

 

Текстот е дел од проектот „Не молчи, пријави насилство“на Новинари за човекови права и WWDP
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ