***
Сега, Џон ја остави Ванета во бременост, наместо да остане со неа, си фати момче, актер од неговиот филм, и замина во Перу да работи на нов филм.
Се исплаши како никогаш дотогаш. Немаше друг излез освен да го роди и да го остави детето во дом, од каде повеќе не можеше да го види. Ако останеше без работа како ќе преживее, а да и го чуваат други, немаше доволно пари.
Замаена и замелушена го стори тоа без да размислува подлабоко. Долго потоа ја мачеше постапката. Не спиеше и само плачеше. Одеше на работа,потоа се заклучуваше во собата и гледаше во една точка.
Се додека една недела во црквата не го сретна Михаил, Србин со топол и домаќински карактер. Со него стана бескрајно среќна. Знаеше дека ја очекува топол дом и семејство со питомиот врањанец.
На прагот на среќата ненадејно се сети и на мајка си, еден топол августовски ден во црква, во својата поодмината бременост и непосредно пред свадбата.
Тоа утро доцнеше за на работа и бидејќи бремена, беше во постојани молитви во себе, посакувајќи здравје и среќа на нероденото дете и овој пат се да биде како што треба. Тргна да запали свеќа во попатната српска православна црква, каде држачите за свеќи беа оставени надвор. Ја запали свеќата, се прекрсти и одеднаш ја штрекна крик на жена.
Пламенот од свеќите го беше запалил лесното развеано фустанче на младата девојка која до неа оставаше свеќа, и со пискотници почна да се врти и да извикува- мајко, мајко, мајко, мајко,мајко…се посилно и посилно.
Две жени од црквата се стрчаа со крпи да го гаснат огнот од девојката, а питропот се затрча кон фонтаната да полни бокал со вода и да го истура врз неа.
Ванета стаписана гледаше, без здив. Без реакција.
Кога сето тоа заврши, а девојката се уште пиштеше од болка, влегувајќи во автомобилот на брзата помош. едната жена со ироничен глас и раскажуваше на другата.
-Јас не знам што ја довикува мајка си. Ко божем може да и помогне? Да ја изгасне не може, а додека таа беше жива, ги знам добро, во моето село, го одржуваше манастирот колку за парче леб и беше толку сиромашна што фустан никако не можеше да и купи на ќерка си, по малку злобно забележа старата дебела жена.
-Ех, мајка, секогаш треба. Во најкобните моменти кој не ја бара, дофрли другата. Само тогаш се сеќаваме на неа. Дека не родила. Дека го ставила животот на конец кога не раѓала, дека со едната нога била во гроб. Дека цел живот мислела и се мачела за нас, и таа секогаш ни е надобрата другарка, заштитничка, и светица. Една е мајката. Само мајката е наша светица, се слушаше гласот од кај влезот на црквата.
Сцената ја потресе Ванета . Одеднаш и дојде збрчканиот лик на нејзината мајка пред очи. Се стопи за миг.
– Ах, ќе и купам фустан и заминувам кај мајка ми, да ја згрижам. Отсега ќе биде покрај мене. Ќе ја донесам овде, нека ми го чува детето, како некој да и го сврти прекинувачот и и пушти светло во главата. И проработеа емоциите и инстинкотот кој никогаш пред тоа не го имаше почувствувано. Сфати дека не е сама на светот.
На работа и прво што направи и напиша писмо дека ќе дојде во Македонија, да се подговува, да ја земе за својата скорешна свадба и да се израдува на своето внуче кое е на пат. А и пред добриот Михаил, сакаше да се претстави подобро, дека не е сама, дека и таа има мајка, семејство, корен.
Милица се тресеше од среќа кога го читаше писмото.
-На 18 септември таа ќе е тука, па свадбата, и набрзо и внучето ќе пристигне. Нема повеќе да сум сама, ни јас, а ни ќерка ми. Сега никој за ништо нема да може да не раздели. Само како ќе одам толку далеку, велеше и се крстеше загрижено.
Го сплете џемперчето за два дена. Старомодно. Толку знаеше. Жена од предградие. Без живот. Од кај соседите преку скајп секој ден почна да се гледа со ќерка си. Неа и сплете шалче.
-Мене џемпер ова зима нема да ми треба, благословена била оваа волница што ми послужи да ги сплетам најубави подароци, си се радуваше .
Вечерта пред закажаниот ден, легна возбудена и сонуваше сон, како таа трошна соба во која живееше, има многу глувци напикани во алиштата спастрени во торби и таа зема едно по едно ги фрла, сосе алишта. Во едната торба ги фрли и двете мали куклиња и и се пристори како по грешка да го фрли и бебето на ќерка си.
Душата и се стегна. Стана и во бунило, целата избезумена, отиде кај сосетката да ја буди и веднаш да и се јават на скајп на Ванета да видат дали сето тоа било само кошмар или нешто се случува. Срцето и пукна, зборувајќи. Пред зори. Се струполи, и за неколку минути доби свеж и убав лик на млада мома, како да се подмлади 30-тина години. Веројатно тоа беше и онаа возраст кога ја роди ќерка си, таму застанала нејзината среќа. Таму и застанал животот и судбината.
Соседот и пиша на фејсбук на Ванета да не доаѓа, и дека мајка и е однесена во болница поради мали проблеми, и се ќе биде добро. Вистината и ја соопштија откако се роди ќерката Вија. Ја прекрсти Милица. Тоа беше единственото нешто што веќе можеше да го направи за мајка си.
На споменикот во форма на срце нарача да пишува „Милица- Ванета “, а од страна пишуваше.
-Животот не раздели, ние не се разделивме. Мајката е светица. Ти си мојата светица. Вечна љубов и почит мајчице, од ќерката.
Сакам да сум безгрешна мајка кон моето чедо, како мајка ми кон мене , си вети кога ја крштеваше својата ќерка, Милица.
(Крај)
Валентина Ѓоргиевска Парго
(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)