четврток, јануари 16, 2025
домаНасловнаСтразбур пресуди во корист на исклучените граѓани од системот за парно греење

Стразбур пресуди во корист на исклучените граѓани од системот за парно греење

Европскиот суд за човекови права во Стразбур вчера пресуди во корист на исклучените граѓани од системот за парно греење. Со оваа одлука од државната каса на секое семејство кое го имаше овој проблем, ќе му следува до три илјади евра обештетување. А, околу 200 предмети веќе се во процедура во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Од здружението „Но Пасаран“ им порачаа на сите фамилии кои имаат добиено негативна одлука од судовите во земјава, да бараат повторување на судскиот процес. Тие најавуваат дека секој петок во 11 часот ќе има протести пред Основниот граѓански суд два и пред Апелација.

Маријан Ненов од „Но Пасаран“ вели дека  50 илјади фамилии во Скопје се ограбени поради тоа што државата со години им наплаќаше паушал и покрај тоа што беа исклучени од системот за парно греење.

Од Регулаторната комисија за енергетика порачуваат дека тие не им се непријатели на граѓаните. Претседателот Марко Билслимовски вели дека правилниците за топлинска енергија ги правеле заеднички со здружението и регулаторна решила граѓаните кои се исклучиле повеќе да немаат обврска да плаќаат паушални сметки за парно греење.

Исклучените од парно греење во Скопје цели пет години протестираа секоја сабота бидејќи не се согласуваа да плаќаат паушални сметки за наводно добивање топлина од ѕидовите и од цевките кои продолжувале кон нивните соседи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ