петок, декември 20, 2024
домаНасловнаАлармантна состојба во регионот: Во Словенија двојно зголемен бројот на заразени, рекорден...

Алармантна состојба во регионот: Во Словенија двојно зголемен бројот на заразени, рекорден ден во БиХ

Во Словенија, во последните 24 часа за корона вирусот биле тестирани и потврдени 30 нови заразени лица, скоро двојно повеќе од претходниот ден, кога имало 16. Шест лица се хоспитализирани во земјата, а никој не е на интензивна нега, а немало нови смртни случаи поради „Ковид-19“, така што бројот на починати останува 111.

Бројот на нови случаи, 30 случаи, е најголем дневен број на заразени лица во последните два и пол месеци. За разлика од ситуацијата од почетокот на епидемијата, која беше прогласена кон средината на март, сега помладите луѓе доминираат меѓу новозаразените и има повеќе мажи од жени, пишува „24сата.хр“.

Според Министерството за здравство, меѓу 30-те новозаразени, дури 18 се на возраст под 44 години, вклучително и 4-годишно дете, 5 во возрасна група од 45-44 години, тројца во возрасна група 55-64 и двајца во возрасна група 65-74, и еден постар од 75 години.

Едно од жариштата на коронавирусот е Марибор, каде што бројот на заразени здравствени работници во тамошната болница, во одделот за итни случаи, се зголеми од 8 на 11.

Според „Дневни аваз“, според најновите податоци, во БиХ се заразени 218 лица. Од тоа, 115 во Федерацијата на БиХ и 103 во Република Српска. Во Република Српска има 76 средовечни и осум постари лица. Ова се рекордни броеви на заразени за еден ден.

И во Хрватска, бројот на заразени со коронавирус драстично скокна. На конференција на штабот на бродско-посавинскиот округ, изјавија дека имаат 10 нови пациенти и дека 8 од нив се поврзани со една приватна забава. „Индекс.хр“ пишува дека се работи за свадба што се одржа на 26 јуни во Хрватска и дека 26 позитивни случаи низ цела Хрватска се поврзани со овој настан.

Денес се потврдени 86 нови случаи во Хрватска.

Во Србија прогласена е вонредна состојба во девет градови, а вчера беше најлошиот ден, бидејќи 11 лица починаа за 24 часа.

Со указ на Владата на Србија, одредени мерки за сузбивање на ширењето на корона вирусот на места каде е прогласена вонредна состојба поради епидемиолошка состојба, станаа задолжителни во Нови Пазар, Крагуевац, Врање и Тутин. Вонредна состојба е прогласена и во Ивањица, Ариље, Чачак и Шабац.

Мерките предвидуваат дека сите угостителски објекти на територијата на Белград не работат од 11 часот до 6 часот наутро, во градскиот и меѓуградскиот транспорт задолжително е да се носат заштитни маски, во сите затворени простории е дозволено максимум сто лица и дозволено е задолжително растојание од еден и пол метри. е 500 лица исто така во однос на растојанието од метар и пол, а последната мерка е дека во сите јавни објекти задолжително е да се носат заштитни маски со задолжително растојание од метар и пол. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ