Истражувачи од британскиот универзитет во Саутемптон измислиле нов инхалатор кој треба да им помогне на лицата заразени со корона вирусот да се борат со КОВИД-19 во раните фази на болеста.
Инхалаторот користи експериментален лек кој содржи интерферон бета, протеин што човечкото тело го произведува секогаш кога се појавува вирусна инфекција, пренесува лондонскиот „Сан“.
Интерферон бета, кој го зајакнува имуниот систем, веќе се користи за лекување на мултиплекс склероза, а за време на една студија во Хонг Конг, во комбинација со други лекови, се покажа можноста за ублажување на симптомите на КОВИД-19.
Кога овој лек се вдишува, директно стигнува до белите дробови, каде помага да се потиснат ефектите на корона вирусот, што, научниците се надеваат, треба да го спречи развојот на болеста во фатален исход.
Тестирањето на инхалаторите во домашни услови започна денес, а наскоро ќе заврши тестирањето во кое учествуваат 100 болнички пациенти.
Доколку овие тестови се успешни, британската фармацевтска компанија „Синерџен“ ќе издаде милиони дози на овој лек годинава, пренесува „Сан“. А.Н.