среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЦаровска бара трпение, родителите најавуваат бојкот на наставата

Царовска бара трпение, родителите најавуваат бојкот на наставата

По најавата на учениците и родителите кои се собираат по социјалните мрежи и најавуваат бојкот на онлајн наставата, министерката за образование Мила Царовска и денеска повика на трпение  и кај наставниците и кај учениците и нивните родители велејќи дека очекувано е во првите две недели од школската година да има проблеми при логирање на платформата, но и дека верува дека ќе се надминат ваквите проблеми.

Само колку за потсетување, платформата и вчера и денеска не беше достапна за голем број на ученици и родители кои неуспешно се обидуваа да пристапат на истата. Платформата ќе треба да биде на располагање на околу 250 илјади ученици и 26 илјади наставници, а креирањето на предметите и поврзувањето на учениците со предметите ќе се спроведува паралелно со спроведувањето на наставата.

Сепак, група на родители и ученици најавуваат бојкот на онлајн наставата. Од Средношколки глас вчера обвинија дека им се ускратува правото на образование!

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ