Поминаа пет години, тоа го видов на мојот фејсбук профил, кога тој 29 мај сум се појавила во улога на ПР на “Новинари за човекови права” , за да ги соопштам резултатите од истражувањата на вредната екипа, Наташа, Александра, Андреа, дека во Македонија мноштвото жени не можат да си купат доволно средства за лична хигиена кога се во циклус. Дека живееме во менструална сиромаштија. Дека многу од нив употребуваат што ќе најдат- крпи, хартија, весници, наместо хигиенски влошки. Немаат пари да ги набават. Секоја трета жена, секоја трета, да, убаво прочитавте.
Морам да се потсетам, екипата беше доста срамлива како да се појави во јавност со таков проект, затоа што за менструација кај нас не се зборуваше, тој е забранет збор, дури и непристоен, а уште посрамеживи беа само двајцата дојдени претставници од медиуми, од кои новинарката (девојката) бегло објави краток прилог, новинарот (момчето) не објави ништо…
Јас се нафатив доброволно, смачено од тоа што навистина имав голем проблем со тој дел од мојот живот, кој ми се рефлектираше на повеќе полиња.
Пет години потоа, денес, пак, жени со гордо кренати глави, наострени и со подигнат тон, со транспаренти во раце, пред Министерството побараа намалување на ддв за средствата за менструална хигиена, со што би се намалила цената и тие би станале подостапни за сите. Да се искорени менструалната сиромаштија. А медиумите бруеја. Не одмолчија.
А “Новинари за човекови” права пред тоа во Јавна соба, одржа и дебата, односно дискусија со стручни лица, доктори и експерти, и прикажа нови анализи. Ништо не е подобрено, за голема жал. Дури е влошено, покажуваат истражувањата.
Овој пат бев во улога на новинарка, а моето вклучување во проектот некогаш, веќе реков кое го направив од лични причини, ја исполни својата целта, во рамките на мојата мала улога.
Екипата на НЧП многу се вложи, максимално, сиве овие години, со голема енергија и посветеност, и еве до кој степен му даде видливост на проблемот. Не само што не е срамота тоа да се изговори, туку и да се викне на сиот глас, на сред град, пред самото Министерство. Денес, здружени жени од разни возрасти и од повеќе здруженија бараат права за другите жени, кои тоа не може да го остварат сами по себе.
Она што овој пат ми остана како грешка, која пред јавноста морам да ја исправам, е еден совет при несебично го споделив како “страдалничка”, а се покажа дека не било баш така.
Имено, повикувајќи се на моите животни искуства, до девојките и жените упатив совет кој јас сум го слушнала од други и кој го применував, со цел да си ја олеснам маката. А со тоа, јас сум ја зголемувала.
Тој совет го слушнав од наша позната пејачка со која го делевме истиот проблем, а гласеше “да се јаде многу чоколадо”.
Јас тоа го правев.
Сѐ додека минатата година случајно ме прочитав на еден форум споделено искуство на една жена, која објасни дека со децении имала големи стомачни проблеми и болна менструација, додека случајно при самоиницијативна проверка во лабораторија, не открила кандида низ цел абомен, која замислете, освен болен циклус, може да “гризе органи”, да те истоштува, да ти донесе и астма и да доведе и до фатален крај, и да не се дознае од што завршил животот. Уште повеќе што докторите многу ретко, речиси никогаш не се сомневаат во таа подмолна кандида, и не те упатуваат да ја испиташ. Со неколку методи. А неа ја развива, токму-чоколадото. Шеќерот. Благото. Тоа ја храни, ја проширува да навлезе секаде.
Овој споделени совет за мене беше од драгоцено, и слободно да речам од животно значење, како и тоа дека не е сосема успешно лекувањето со капсули, најдобро е со пиење на растворени капки Нистатин. И, абракадабра, “магичниот лек” успеа! Сѐ се врати во нормала, болки веќе нема.