сабота, ноември 16, 2024
домаНасловнаЕУ повлече седум милиони маски бидејќи се небезбедни

ЕУ повлече седум милиони маски бидејќи се небезбедни

Европската унија повлече седум милиони маски затоа што не ги исполнуваат безбедносните стандарди и не заштитуваат соодветно од коронавирус, беше објавено по седницата на Европскиот комитет за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите.

Според хрватскиот европратеник Томислав Сокол, напливот на фалсификувани заштитни маски на европскиот пазар, кои најчесто доаѓаат од Кина, бил предизвикан од „пукање“ на вообичените ланци на снабдување и голема побарувачка за заштитна медицинска опрема во последните месеци, што доведе до разни сомнителни компании, соопшти „Јутарњи лист“.

„Се плашам да помислам уште колку поминале под радарот за време на големиот наплив за заштитна опрема што траеше среде борбата против короната“, вели Сокол.

На прашањето какви точно се маските што не ги исполнуваат стандардите, Сокол вели дека се работи за производи за кои производителот тврди дека имаат заштитен потенцијал, но нивниот капацитет на филтрирање не е сертифициран од соодветно европско тело. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ