ЕУ воведува нови правила за постарите возачи

0
9

Европската унија планира значајни промени во однос на возачките дозволи за постарите возачи. Според новиот предлог на Европската комисија, сите возачи над 70 години ќе мора да поминуваат построги медицински прегледи, а се разгледува и можноста за воведување практичен возачки испит.

Целта на овие мерки е зголемување на безбедноста на патиштата, но предлогот веќе предизвикува полемики низ Европа. Иако некои земји веќе имаат одредени барања за постарите возачи, досега не постоеше единствен систем на ниво на ЕУ.

Воведувањето построги правила би можело да значи крај на безусловното продолжување на дозволите за постарите возачи, а потенцијалната обврска за полагање практичен испит би можела дополнително да ја комплицира ситуацијата.

Кога станува збор за практичниот испит, многу земји членки во минатото се обиделе да го воведат, вклучувајќи ја и Грција, но од различни причини никогаш не бил спроведен.

Во моментов, во ЕУ не постои возрасна граница за добивање возачка дозвола, а законот пропишува дека возачите постари од 65 години мораат на лекарски преглед кај двајца лекари на секои три години. По 80-тата година, прегледите стануваат почести и вклучуваат повеќе медицински специјалисти.

Ф.С.