четврток, декември 26, 2024
домаНасловнаЕвропа: Во Русија пораст на бројот на заразени, во Франција учениците се...

Европа: Во Русија пораст на бројот на заразени, во Франција учениците се вратија во училиштата

Во последните 24 часа, бројот на заразени со коронавирусот се зголеми на 262.843 во Русија, затоа што се регистрирани 10.598 нови случаи, меѓу кои имало 4.504 асимптоматски случаи, соопшти кризниот штаб на оваа земја. Според податоците на рускиот кризен штаб, вчерашното дневно зголемување на бројот на пациенти е 4,2 проценти, додека претходниот ден бил 4,1 процент.

Асимптоматски случаи, потврдени во текот на последните 24 часа, сочинуваат 42,5 проценти од вкупниот број заразени лица на овој ден. ТАСС известува дека во претходните 24 часа, 4.748 лица биле тестирани позитивни за вирусот корона во Москва, вкупно 135.464 од почетокот на епидемијата. Дневното зголемување на бројот на заразени лица во главниот град вчера беше 3,6 проценти, а ден пред 3,7 проценти.

Австрија: Бројот на активни пациенти падна под 1.000

Во Австрија, бројот на активни заразени со корона вирусот се спушти на 1.000, а бројот на хоспитализирани лица се намалува. Бројот на активно заболени лица утрово се спушти на 931, што е за 70 помалку од вчера. Кога станува збор за нови пациенти, нивниот број се зголеми за 54 во последните 24 часа и со тоа вкупниот број на позитивно тестирани лица во Австрија достигна 16.054.

За зголемувањето на бројот на заразени лица придонесе влегувањето на корона вирусот во центрите за дистрибуција на пошта во Хагенбрун и Инцерсдорф, каде што вкупно 60 вработени се разболеа. Што се однесува до хоспитализираните лица, во моментов има 212 од нив, 22 помалку од вчера, а 47 лица се на интензивна нега, што е за седум помалку од пред 24 часа. Две лица починаа, така што вкупниот број на смртни случаи од корона вирусот достигна 628.

Франција: Учениците во клупите по два месеци

По двомесечната пауза предизвикана од пандемијата на корона вирусот, околу 1,5 милиони ученици во Франција се вратија оваа недела во училиштата каде се во тек превентивни мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Коментирајќи ја потенцијалната опасност децата да се вратат на училиште, францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланкер рече дека останувањето дома носи поголем ризик од одење на училиште, наведе лондонскиот „Сан“, и потсетува дека ситуацијата во Велика Британија е значително различна, бидејќи нивните образовни синдикати мислат дека е премногу рано учениците да се вратат на училиште.

Патем, на учениците во Франција им било кажано да доаѓаат на час во вообичаено време, во 8.30 часот наутро, но да не влегуваат во зградата на училиштето пред да им се каже да го сторат тоа.

Тие држеле во раце копии од документот на Министерството за образование со објаснувањата за превентивните мерки, стоеле на оддалеченост од еден метар, а наставниците се должни да носат маски, додека децата тоа можат да го сторат доколку сакаат. Честото миење на рацете со гел и одржување на безбедно растојание во училницата исто така се задолжителни.

И покрај сè, многумина стравуваат дека дури и таквите правила нема да бидат доволни за да ги заштитат учениците од инфекција, особено најмладите.

Најмал број на смртни случаи во Шпанија од понеделникот

Во Шпанија, во последните 24 часа се регистрирани 138 смртни случаи од коронавирус, што е најмал број од понеделникот, соопшти Министерството за здравство.

Според Ројтерс, бројот на починати во Шпанија се зголемил на 27.459, а земјата е четврта во Европа по смртност, зад Велика Британија, Италија и Франција.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус се зголеми за 643 на 230.183. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ